Видео:Извлечен најголемиот метеор од езеро во Русија!

Од езеро во Русија извлечен е метеор повеќе од 500 кг за кој проследила десетдневна акција…Најголемиот дел од метеорот кој на 15 февруари експлодирал над регијата Челабинск во Русија, каде и паднал во езерото. Пронајдениот дел од метеорот е тежок околу 570 кг кој беше најден на дното во езерото. Точната тежина неможеше да се каже, бидејќи метеорот ја раскина вагата на три дела. Од испитувањата може да се заклучи дека ова е навистина дел од метеор, дел од десетте најголеми метеори пронајдени до сега, изјавил професорот од Универзитетот во Челабинск (област во Русија). Најдениот дел е префрлен во Регионалниот музеј на природна историја, а еден дел е земен за испитување под рендгенски снимања за да се утврди од кои минерали е составен.
Претходните обиди беа неуспешни
Нуркачите претходно се обиделе да го извлечат, но не успеале. Метеорот се наоѓал 20 метри во длабочинита на езерото, а се наоѓал и под дебел слој на кал, па тоа ја правело уште потешко ситуацијата. Целата акција траела десет дена, со сите вложени напори на крај успеале. Според проценките на научниците метеорот тежел 11 тони, а неговата експлозија повредила 1.600 луѓе и предизвикало огромна штета во износ поголем од 30 милиони долари.
 Најголемиот дел од метеорот кој на 15 февруари експлодирал над регијата Челабинск во Русија, каде и паднал во езерото.

Пронајдете не на следниве мрежи: