Видео:Kлучевите ќе бидат заменети од smart телефоните

Не се плашете доколку сте ги заборавиле клучевите дома, или пак изгубиле. Вратата ќе ви биде за момент отворена со smart телефон.
Автомобилите веќе со години користат далечинско отклучување, а новите генерации наместо традиционалниот клуч за палење на моторот користат smart карички. Неколку произведувачи на автомобили најавија дека се работи за поврзување на smart телефоните и автомобилите со што ќе се заменат клучевите за отклучување и палење на автомобилот.  Сепак и покрај тоа што со автомобилите веќе е отидено неколку чекори напред, бравите за становите тапкаат во место.

Kevo е дигитална брава која се спојува со iPhone по пат на Bluetooth. Во апликацијата можете да одберете неколку дигитални клучеви и да ги „поделите“ на членовите на вашето семејство или пак на луѓето кои сакате да им овозможите влез во вашата куќа.  За отклучување е доволно со телефонот да ја допрете бравата. Таа го препознава вашиот телефон и ја отклучува вратата. 
Компанијата KWIKSET која стои за Kevo тврди дека системот е исклучително безбеден бидејќи тие користат енкрипција која ја користи и војската.  Исто така,  вградиле и безбедносна компонента. Системот детектира дали корисникот е внатре или надвор од дома и на тој начин ја спречува секоја неовластена употреба на вашиот клуч. Доколку батеријата на вашиот телефон се испразни, тогаш дома ќе може да си влезете со класичниот клуч.  Системот се уште е во развој, и на американскиот пазар треба да се појави во средината на летото по цена од околу 250 долари. За жал, тој за сега е приспособен само на iPhone 4S и 5 поради тоа што користи Bluetooth 4.0. 
За корисниците кои немаат smart телефони или пак имаат но не е компатибилен со системот, компанијата дизајнираше приврзоци, кои треба да работат исто како smart телефон.
 Не се плашете доколку сте ги заборавиле клучевите дома, или пак изгубиле. Вратата ќе ви биде за момент отворена со sma

Пронајдете не на следниве мрежи: