Видео:Љубе Бошкоски- човекот кој го продаваше името на државата за пари, сега се продаде на Заев да плука по ВМРО

„Политичарот на дугме“, како што еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ Мане Јаковлевски го нарекува лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, во интервју за албанска телевизија излезе со интервју во кое упатува низа критики кон најголемата македонска политичка партија, ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, одамна е скршен митот за „Братот Љубе“, кога македонската јавност виде како го продава името на државата, за посредник на Грција, за пред изборно финансирање на својата партија во 2011 година.Бошкоски во интервјуто вели дека „ДПМНЕ е завршена работа“, а кога ќе се расчистело со оваа ситуација, ќе дошло време кога членови на партијата ќе се оградувале и ќе кажувале дека никогаш не биле членови на ВМРО. Ваквите изјави на Бошкоски не се за изненадување,  бидејќи истиот оној човек кој се продаде на Грците продавајќи го името, сега јасно и гласно одработува за Зоран Заев и СДСМ.
За тоа колку вредат зборовите на Бошкоски македонската јавност можеше да се увери неодамна, кога беше шокирана од видеата кои се појавија на „Јутјуб“, а на кои јасно се гледа дека Љубе Бошкоски нелегално ја финансирал својата кампања за изборите во 2011 година, на сметка на државното име. На видеото Бошкоски нуди промена на името на земјата доколку тој дојде на власт.
Јавноста тогаш виде како Љубе Бошкоски во видеото говори дека сега морал да глуми лудило и да игра на патриотска карта пред гласачите, а кога ќе дојде на власт ќе го смени името за два дена, и потврдно одговора на предлогот на посредникот за именување на националност како граѓани на Република Македонија.
Посредникот : Само да знаеш грчката влада е воодушевена од тебе,
Љубе: Да.
Посредникот: Се е до сега како што треба, само молимте Љубе после тоа сакам и ти да придонесеш стварно да го решиме проблемот со името. Преку глава ни е.
Љубе: Јас сега им викам, го тепам Никола Груевски, му викам кого праша ти за Република Македонија Скопје… Охриѓаните ги праша битолчаните, знаеш се навраќам на патриотска карта, за да ги добијам неговите гласови,тој игра на лажна карта… Знаеш ќе им кажеш ти на твоите јас сега ќе глумам малце лудило, Зошто Љупчо најотворено се лигави, Љупчо она што го прави тоа не е добро ни за Грција. Јас мислам вака-вика мора да се смени името Северна Македонија, оптимално решение и јас не го коментирам Љупчо. Јас ќе играм сега на патриотската, и после АЈЈ ќе го решиме во два дена со тебе заедно!
Посредникот: Мислам северна е перфектно име, нема тука, тоа е еден географски поим што го дава самото име.
Љубе: Така де, така е
Посредникот: Да бидам искрен ништо не се губи.

Во друго видео истиот Бошковски гарантираше бришење на македонскиот народ од уставот.
 
Љубе: Мајката останува, е сега мајката да земела презиме придавка северна, јужна, не знам каква никаква, дека тоа врска нема. Тоа да не се секираш, тука тоа ти гарантирам.
Посредникот: И за националност, едноставно граѓани на Републиката.
Љубе: Тоа да не се секираш, тука тоа ти гарантирам.
Посредникот: Едноставно граѓани на Републиката.
Љубе: Така, така. Плус тоа нема поголем патриот од мене, јас сум робувал за Македонија. Јас кога зборам поинаку ме слушаат луѓето него некој лигуш таму кој немал ништо дадено…. Тоа немаш гајле.
 Бошкоски во интервјуто вели дека „ДПМНЕ е завршена работа“, а кога ќе се расчистело со оваа ситуација, ќе дошло време кога членови на п

Пронајдете не на следниве мрежи: