Моментот кога метеор, навлегол во Земјината атмосфера, експлодирал и се претворил во светлосна топка е забележан на видео-снимката на еден љубител на музика кој дошол на концертот во Сантјаго дел Естера (Аргентина). Џиновска огнена топка на небото за момент ја претворила ноќта во ден.
Според очевидци, метеорот предизвикал тресење на земјиштето, а блескавото тело можело да се види стотици километри надалеку. Видеото е снимено околу 3 часот и 30 минути наутро, но светлината била толку јака што се чинело дека осамнува зора.
На неколку секунди зелената топка го осветлила небото, а потоа избледела и добила портокалов сјај.
Хорхе Коглан, директор на Астрономската опсерваторија на Санта Фе, вели дека неговиот пречник изнесувал околу 20 сантиметри, а се движел со брзина од околу 130 000 км/ч.
Илјадници луѓе од осум аргентиски провинции виделе силна светлост и своите впечатоци ги објавиле на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер. Некои од нив поставиле и видео-снимки од метеорот и светлосната топка.
извор Курир
Моментот кога метеор, навлегол во Земјината атмосфера, експлодирал и се претворил во светлосна топка е забележан на ви