Еве како лесно и едноставно да си подготвите дома сникерс…Потребни состојки:Прв слој
– 4 лажици агаве сируп (алтернатва – мед или друг засладувач)
– 4 лажици растопен путер
– 2 полни лажици путер од кикирики
– 1 лажичка екстракт од ванила
– 2,5 шолји шеќер во прав
– 400 гр чоколадо
Втор слој
– 2 шолји карамел
– 4 лажици пржени кикирики
– 350 гр темно чоколадо
Подготовка:Во еден сад помешајте половина од сирупот, растопениот путер, путерот од кикирики и екстрактот од ванила и со миксер мешајте на најмалата брзина додека сите состојки не се поврзат. Полека додадете го шеќерот и продолжете да мешате додека не добиете изедначена, густа и леплива маса. Доколку таа е премногу тврда, додадете уште малку растопен путер, а доколку е ретка, додадете уште малку шеќер.Со раце втиснете ја смесата во калап или сад за печење и ставете ја во фрижидер додека не ја подготвите смесата за вториот слој. Во тенџерче, на средно силен оган растопете го карамелот и остатокот од сирупот, додадете ги кикириките и измешајте сè убаво, па тргнете го тенџерчето од оган.Извадете го калапот од фрижидерот, прелијте го чоколадниот слој врз првиот и вратете го во фрижидер.Кога смесата ќе се стврдне, извадете ја од калапот и исечете ја во лентички со средна дебелина. На умерен оган растопете го чоколадото и во него потопете ги лентите една по една.
За да ви биде појасно видеото може да го погледнете на следната страна:
Потребни состојки:Прв слој
– 4 лажици агаве сируп (алтернатва – мед или друг засладу



