Камерите на опозициската Телма телевизија, снимајќи го влезот на Специјалното јавно обвинителство на 4 април случајно го фатиле на излегување од зградата Давид Неделков, млад правник, кој е повеќе познат во струката по неговата мајка, отколку по некое постигнување. Неговата мајка е доскорешната претседателка на Врховниот суд, Лидија Неделкова, која и во моментов ја извршува функцијата врховен судија, пишува Република.-Засега немаме потврда на кој начин е ангажиран Давид во СЈО, но од некои информации кои дојде редакцијата на Република, веќе се потпишувал и на некои од предметите, пишува порталот.
Тоа што е најспорно и скандалозно во целиот случај е фактот дека судијката Лидија Неделкова постапува по два предмети од Специјалното јавно обвинителство каде што е ангажиран нејзиниот син. Според наши информации, првиот предмет е во врска со нелегалното приведување и малтретирање на единствениот Македонец градоначалник надвор од границите на нашата земја, Едмонд Темелко. Таму постапува по барање за заштита на законитоста токму од СЈО, додека во вториот предмет постапува по барање за заштита на законитоста од републичкото јавно обвинителство во врска со укинувањето на притворот на сопственикот на телевизија Нова Сеад Кочан.
Интересно е што и во двата предмети Лидија Неделкова не пријавила дека има некаков судир на интереси, но затоа адвокатите на одбраната побарале нејзино изземање. На барањето за изземање, според информациите до кои што дојдовме Лидија Неделкова не одговорила, а одговор изостанал и од СЈО.
Синот на Лидија Неделкова не е единственото дете на судија во СЈО
Според информациите со кои што располага редикцијата на Република, уште неколку деца на актуелни судии се ангажирани од страна на Катица Јанева и земаат дебели хонорари од СЈО. Засега непотврдени информации велат дека во СЈО е згрижена ќерката на уште еден врховен судија, а освен неа и синовите на уште двајца судии од Апелацискиот суд во Гостивар. Како се избрани овие судии и овие лица за да бидат ангажирани и да земаат пари, од СЈО нема информација, но времето ќе покаже што стои зад ваквите чекори на Катица Јанева. Времето ќе покаже дали и заради финансискиот ангажман на нејзиниот син Неделкова учествува по разни трибини и надвор од секоја правна логика, учествува во некакви парасудови и дискутира за предмети на коишто допрва треба да се одлучува на општа седница на Врховниот суд.
Огромни хонорари за експонентите на СДСМ кои по медиуми глумат независни експертиСпоред нашите сознанија, покрај редовните астрономски плати кои ги добиваат обвинителите на СЈО, истите себе си делат и високи хонорари надвор од платите. Каков е овој дополнителен ангажман тешко е да се дознае, бидејќи најстрого чувана тајна во СЈО е како, зошто, кому и колку пари му се делат како хонорар. Според сознанијата на Република со високи хонорари надвор од платата се офајдиле и Катица Јанева, Ленче Ристовска, Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски, Артан Ајро, Љубомир Лапе, Трајче Пеливанов, Елизабета Јосифоска, Лиле Стефанова и други. Какви се тие дополнителни ангажмани, надвор од работните обврски кои ги имаат немаме информација, исто како што немаме информација и по кој законски основ се делат овие средства. Тоа што е досега јасно е дека обвинителите земаат огромни плати за кои медиумите пишуваа дека се движат од 2500 до 3000 евра, а овие информации на прес-конференција беа потврдени и од страна на самото СЈО.
Освен обвинителите, како хонорарни соработници на платните списоци на СЈО се наоѓаат и голем број на правници и поранешни судии и обвинители, главно познати во јавноста по тоа што медиумите под контрола на СДСМ ги претставуваат како независни експерти кои ја бранат непрофесионалната работа на СЈО.
Адвокатот Тортевски и јавно призна дека не е ни малку независен и непристрасен, туку дека е платен од СЈО. Колку чинат настапите и на останатите таканаречени независни експерти нема податок, но според информациите до кои што дојдовме на платниот список на СЈО се нашле и Гордан Калајџиев, Маргарита Цаца Николовска, Димитар Апасиев и професорот Светомир Шкариќ.Дали овие експерти, освен медиумските настапи во полза на СЈО извршуваат и други активности, нема информација, исто како што нема информација и колку пари од буџетот се одвојува за нив.За да ги сокрие информациите околу исплатите на хонорарите, СЈО упати и тужба до Управниот суд со која сакаше да спречи да одговара на барањата за пристап до информации од јавен карактер. Заради нивната правна некомпетентност и нетранспарентност, СЈО го изгуби предметот, односно нивната тужба беше отфрлена. Сепак кога јавноста ќе ги има на увид сите овие податоци, останува да видиме.
Видео: кликнете тука-Засега немаме потврда на кој начин е ангажиран Давид во СЈО, но од некои информации кои дојде редакцијата на Република, веќе се потпишувал и на не