При секој дожд состојбата во Струмица е ваква, екипите на Комуналец не доаѓаат на време, се жалат струмичани во анкета за регионалната Телеканал А1, после вчерашните поплави, во градот каде повеќе од 11 градоначалник беше претседателот на СДСМ, Зоран Заев.-Богами секој пат е вака, со 40 сантиметри ќе прелие каналот. Претставува проблем, јас лани 300 евра дадов. Екипите на комуналец не доаѓаат на време, вели еден од граѓаните на Струмица.
Друг граѓанин вели дека целата негова улица е загрозена при поплавите. И тој се пожали дека екипите на комуналец ретко стигнуваат на време, тие вчера пристигнале дури кога водата истекла.
-Секогаш се случува ова, штом не оди водата доле, преку шахтата ни се враќа преку канализацијата. Екипите на комуналец ретко доаѓаат на време, вчера дојдоа околу 8, кога истече водата, да расчистуваат малку да тргне водата. Цела улица тука е загрозена, од горе до доле, вели уште еден од анкетираните струмичани.
-Богами секој пат е вака, со 40 сантиметри ќе прелие каналот. Претставува проблем, јас лани 300 евра дадов. Екипите на комуналец не доаѓаат на врем