Лидерот на СДСМ Зоран Заев ќе ја реализира Тиранската платформа. Според неговата изјава се додека некој не му каже дека има нешто негативно во неа, тој нема намера ниту да дискутира.-Апсолутно, ќе ми кажете прво што тоа е лошо во таа платформа па после тоа ќе дебатираме. Даваме шанса, вели Заев одговарајќи на новинарско прашање денес во законодавниот дом.
Веќе нема дилеми, по ваквите изјави дека Заев ги игнорира илјадниците граѓани кои секојдневно маршираат по улиците ширум Македонија барајќи отфрлување на Тиранската платформа и зачувување на унитарноста на државата. Со ова однесување Заев јасно говори дека гласот и повикот на граѓаните од „За заедничка Македонија“ кои се противат на постизборно подметнување на платформа од туѓа државата за него не е важен.
Дополнително на лидерот на СДСМ не му е прв пат да се додворува кај Албанците, да ја фали и да изјавува дека на Тиранската платформа имаат позитивен аспект.
-Ние не бегаме од платформата, неколку пати потенцираме имаме позитивен аспект на платформата, вели Заев.
-Се сеќавате дека реков, ние сме позитивни кон оваа платформа, вели Заев.
Содржината на платформата потпишана во соседна Албанија под директно влијание на Еди Рама, за која Заев и СДСМ имат позитивен аспект ги содржи следните точки:
1. Постигнување на целосна рамноправност во согласност со Охридскиот Договор и Уставот
* Правилно спроведување на принципот на мултиетничноста во Уставот на РМ, каде Албанците се сметаат како државотворна нација, поддржување на секаква правна и уставна иницијатива која ja зајакнува националната рамноправност за албанското население.
* Постигнување на целосна јазична еднаквост, употребата на албанскиот јазик во сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право. Уставот на Република Македонија треба да утврди дека “македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија”.
* Сеопфатна дебата за знамето, химната и државниот грб на Република Македонија со цел државните симболи да ја рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност.
* Усвојување на Резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот 1912-1956.
2. Постигнување на економска рамноправност и на општествената благосостојба, особено преку рамномерен регионален развој
* Создавање на нов механизам, во форма на една Државна комисија за финансирање на општините, за донесување одлуки со право за владини грантови во корист на општините.
* Создавање на едно Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, како надлежен орган за почитување на правата на заедниците и поттикнување на економскиот и социјалниот развој во неразвиените подрачја.
* Остварување на правична застапеност во органите за безбедност, војската, разузнавањето и правдата.
* Остварување на правична застапеност во сите нивоа на централната власт како и во јавните служби или претпријатија со јавни акции.
3.Зајакнување на владеењето на правото, како предуслов за напредок на евро-атлантскиот интегративен процес
* Спроведувањето на реформите во согласност со Договорот во Скопје, Препораките на Прибе, итните препораки на Европската Комисија, како и Препораките од Пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ.
* Поддршка за непристрасно вршење на работата на Специјалниот обвинител, без етнички и политички предрасуди.
* Целосно расчистување на прашањата и судските постапки како “Сопот”, “Бродец”, “Монструм” и “Куманово” преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган.
4.Создавање на дух на доверба во функција на добри меѓуетнички односи како суштински елемент за политичка стабилност во земјата
* Преземање на афирмативни мерки за обезбедување финансирање на албанските културни институции на централно и локално ниво.
* Создавање на една централна институција за унапредување на јазиците на заедниците, која ќе обезбеди подготовка на преведувачи, уредници и предавачи.
5. Решавање на спорот со името, во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право
* Усвојување заедничка и обврзувачка Резолуција во Собранието на Република Македонија со која Владата на Република Македонија е обврзува активно да се вклучи кон решавањето на спорот со името.
* Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција.
6. Добри односи со соседите
* Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Бугарија.
* Соработка со Косово и Албанија за интегрирано гранично управување.
* Отворање на нови гранични премини.
7. Брза интеграција во НАТО и во Европската Унија
* Исполнувањето на горенаведените точки ќе го деблокира патот на Македонија кон целосна интеграција во НАТО и отворање на преговорите за членство во Европската Унија.-Апсолутно, ќе ми кажете прво што тоа е лошо во таа платформа па после тоа ќе дебатираме. Даваме шанса, вели Заев одговарајќи на н