Тоа е вашиот омилен утрински пијалок? Но, постојано читате дека не е здраво…Но дали знаете дека може да биде добро за вас- само следете ги правилата…„Се откажав од кафето“ – здравјето пред се. Но дали е навистина така?
Идејата дека кафето е опасно, е идеја која е заснована врз основа на истражувањата спроведени во 1970 и 1980-тите, односно тогаш кафето е одредено како пијалок кој го зголемува ризикот од рак и срцеви заболувања- објаснува д-р Роб ван Дам кој го испитува кафето и неговите здравствени ефекти. Според него овие стари истражувања не се точни.
Но новите истражувања даваат многу пооптимистички резултати. Па така тој и неговиот тим испитале повеќе од 130.000 личности. Притоа, не нашле докази дека кафето го зголемува ризикот од смрт од рак или кардиоваскуларни заболувања. Ова се однесува дури и за луѓето кои пијат повеќе од три кафиња на ден. Дури и спротивно на се она што го знаеме досега, страсните уживатели на кафе имаат минимално помали шанси да заболат од рак.
Можеби ова ќе ги шокира другите доктори, но мора да се напомене дека е ново истражување кое можеби засекогаш ќе ја тргне црната дамка од кафето.
Кафе се поврзува со намалување на стапката на тип 2 дијабетес и намалување на ризикот за некои видови на рак, и заштита од Паркинсонова болест. Исто така ја подобрува и меморијата.
Овој пијалок дури може да ве заштити и од ракот на кожата.
Но сепак доктор Дам предупредува дека остануваат причини да бидете внимателни. Највнимателни првенствено треба да бидат бремените жени поради минималната поврзаност на кафето и спонтаниот абортус. Но треба да внимаваат и оние со висок холестерол, затоа што во одредени видови на кафе(еспресо) има состојки кои дополнително го подигнуваат нивото.
Што укажува на тоа дека ако сте во добра здравствена форма без проблем може да уживате во кафето. Особено во црното кафе кое според докторот е здрав некалоричен производ.
“Кафето е многу сложен пијалок со стотици состојки”, вели Дам, па логично е на сите луѓе различно да им влијае.
„Се откажав од кафето“ – здравјето пред се. Но дали е навистина така?
Идејата дека кафето е опасно, е идеја која е заснов



