„Вие велите Домат; Ние велиме Дом-ауто“

-Ford и компанијата H.J. Heinz ја истражуваат употребливоста на влакнестата структура на доматите за изработка на поодржлива биопластика за изработка на одредени компоненти во автомобилите.
-Ford ја испитуваат издржливоста на материјалот за потенцијална употреба во одредени компоненти кај електричните уреди како и кај разни складишни предели (прегради за чување на предмети)
-Успехот во развивањето на нов поиздржлив состав може да ја намали употребата на петрохемиски материјали во производството и да го намали влијанието на возилата врз животната срединаДИРБОРН, Мичиген, Јуни 10, 2014 – Навидум, доматите и автомобилите немаат ништо заедничко. Но, истражувачите во Ford и компанијата H.J. Heinz ја гледаат можноста за иновативна унија.
Истражувачите во Ford и Heinz ја испитуваат употребливоста на влакнестата структура кај доматите со цел да се развијат издржливи материјали во производството на автомобили. Конкретно, кожата од сушен домат може да стане клучен дел од структурата на една пластика кај Ford автомобилите, која би користела како простор за складирање и сл.
“Истражуваме дали овој спореден производ од преработката на храна има смисла за користење во автомобилската индустрија”, изјави Елен Ли, технички специјалист во истражувањето на пластични материјали во Ford. “Нашата цел е да развиеме јак, лесен материјал кој ги задоволува потребите на нашите возила, додека истовремено го намалува загадувањето на животната средина.”
Пред речиси две години Ford започна соработка со Heinz, Coca-Cola, Nike и Procter & Gamble со цел да се забрза развојот на 100 процентната органска пластика, која би се користела за изработка на разни материјали од ткаенина до амбалажа, и сето тоа со помало влијание врз животната средина за разлика од петролејските материјали кои се користат во моментов.
Во Heinz , истражувачите  бараа иновативни начини да ги рециклираат и пренаменат лушпите, стеблата и семките од преку два милиони тони домати, кои компанијата ги користи на годишно ниво за да го произведе нејзиниот најпродаван производ: Heinz Кечап. Лидерите во Heinz се свртеа кон Ford.  
“Ние сме воодушевени што технологијата беше потврдена (дозволена)“ вели Виду Нагпал, директор за амбалажа на R&D за Heinz. “Иако сме во раните фази од истражувањето,и многу прашања остануваат неодговорени, ние сме возбудени од можностите кои овој проект може да ги донесе, како за Heinz така и за Ford, како и од предноста на издржливата пластика која е 100 насто од органско потекло.“  
Фордовата посветеност да ја намали употребата на петрохемиски материјали, да ги рециклира и повторно да ги употреби биоматеријалите е дел од глобалната стратегија на компанијата со цел да се намалат трагите кои општеството ги остава на земјата, и притоа, да се забрза развојот на технологијата за економични возила ширум светот.
Во последните години Ford ја  зголеми употребата на рециклирани неметални и биоматеријали. Заедно со зајакнатите целулозни влакна во составот на конзолата и лушпата од ориз во изолацијата на електричните уреди, кои беа воведени минатата година, сега Ford-ото биопортфолио вклучува осум материјали во производството. Други примери се материјалите на база на кокос, рециклираниот материјал од памук за тапацирот и текстилот на седиштата, како и сојата која се користи во пената за перничињата и потпирачите за глава. 
“Сепак, колку и да звучи и изгледа неодоливо новиот дизајн, се уште е рано да гризнете кој било од деловите на новиот Ford“.ДИРБОРН, Мичиген, Јуни 10, 2014 – Навидум, доматите и автомобилите немаат ништо заедничко. Но, истражувачите во Ford и компа

Пронајдете не на следниве мрежи: