Викенд хороскоп 05.03-06.03.2016

Викенд хороскоп 05.03-06.03.2016ОВЕН
Оваа седмица доживеавте многу промени и потребно ви е да одморите и да направите планови за следниот период. Дел од овните ќе посакаат да отпатуваат со семејството на некое мирно место. Партнерот постојано бара нешто што вие не можете да го дадете и не знаете како да се справите со притисокот. Ако сте сами, можна е средба со личност родена во воден знак.
БИК
Викендов ќе се обидете да се одморите, но нема да можете да го скриете расположението. Згора на тоа, еден помлад член од семејството постојано ќе ви задава грижи. Ако сте слободни и се уште ја чекате вистинската љубов, ќе морате да почекате и да се задоволите со кратки авантури.
БЛИЗНАЦИ
Полека се стабилизирате, но се уште сте под влијание на стари и заостанати работи. Емотивните односи со партнерот се добри, но најмногу поради тоа што вие не сакате да дојдете во конфликт. Чекате да му помине лошиот период и потоа да седнете и да разговарате. Ако сте слободни и чекате порака од една личност, викендов ќе ја добиете.

 
РАК
Обидете се да ја контролирате љубомората кон партнерот и да не покажувате дека неговата комуникација со една личност толку многу ви пречи. Ако сте слободни, можно е да ви се појави личност со голема разлика во години. Освен годините, проблем може да биде и фактот дека таа личност веќе е во врска. Бидете внимателни.
ЛАВ
Деновиве ќе морате да ги поминете во домашен амбиент. Внимавајте на комуникацијата со еден помлад член од семејството, зашто може да дојде до расправија. Ако сте слободни, преку социјалните мрежи ќе имате убава комуникација со една интересна личност. На оние зафатените љубовта им цвета.
ДЕВИЦА
Ако имате намера да патувате, добро чувајте ги документите за да не дојдете во непријатна ситуација. Ако сте во брак, односите со партнерот ви се стабилни и немате причина за грижа. Слободните девици ќе имаат контакт со некој што не живее во нивното место. Можно е да падне договор за средба.

 
ВАГА
Освен што ве мачат проблеми на работното место, викендов ќе имате и проблеми со партнерот. Колку и да се трудите да го задоволите, тоа нема да ви успее. Ќе имате желба да избегате некаде далеку каде што никој нема да ве тормози со прашања на кои немате одговор. Внимавајте на здравјето. Нервозата може да ви донесе несакани здравствени проблеми.
СКОРПИЈА
Се трудите да го дадете својот максимум на сите полиња. Освен на работното место, од вас се очекува и да се ангажирате во домот. Вие тоа со задоволство го правите, но чувствувате дека ви е потребен одмор. Викендов може да бидете ангажирани околу еден постар член од семејството. Неговото нарушено здравје ќе ви ги одземе моментите на одмор.
СТРЕЛЕЦ
Првиот ден од викендот ќе го посветите на работата. Во изминатата недела многу работи ви останаа незавршени и поради тоа ќе морате да го жртвувате слободното време. Еден помлад соработник постојано прави грешки и ќе морате да обрнете внимание на се она што го сработил досега. Партнерските односи ви се добри, но не поради вас туку поради трпението на партнерот.

 
ЈАРЕЦ
Партнерот се обидува да ве натера повеќе да му се посветите на домот, но вие останувате глуви на неговите молби. Деновиве е можна средба со пријатели од младоста, кои ќе ве потсетат на некои убави времиња.
ВОДОЛИЈА
Не барајте ја вината кај другите, туку размислете на кој начин сте придонеле за ситуацијата во која се наоѓате. Кон партнерот се однесувате дистанцирано иако не постои причина за тоа. Ако сте слободни, деновиве ќе бидете опкружени со пријатели кои ќе се обидат да ве запознаат со една интересна личност.
РИБИ
Обидете се да се дистанцирате од озборувањата и да не им придавате големо значење. Партнерот се обидува на секој начин да ви помогне. Престанете да го омаловажувате неговиот труд и посветете му повеќе внимание. Ако сте слободни, очекувајте познанство со еден земјен и со еден воден знак.ОВЕН
Оваа седмица доживеавте многу промени и потребно ви е да одморите и да направите планови за следниот период. Дел од о

Пронајдете не на следниве мрежи: