Прочитајте што ви предвидуваат ѕвездите за овој викенд.ОВЕН Во саботата нема дневни аспекти што значи дека ќе бидете под влијание на оние кои се веќе во сила и делуваат од заднина, но и новите кои се егзактни во недела, посебно аспектите на Сонцето со Плутон и Сатурн, што директно може да делува на вашето его поради обиди да се наметне својата доминација, супремација, на личности кои се доста постари од вас, да ви кажат како треба, како не треба, што да направите, како да направите и слично, завлегувајќи во ефемерни детали. Секако најпрво мислам на родителите, барем едниот од нив. А ваквите аспекти се во оптек и викендот и понеделникот. БИК Ќе сакате викендов и нешто по него да бидете во центарот на вниманието особено пред роднини, на партнерот во прв ред, да наметнете свои идеи или пак едноставно да ги контролирате работите и ситуацијата. Имате добра тактика, им се обраќате на постарите, најпрвин со должна почит и смиреност, што секако ќе наиде на одобрување и поддршка. Со помладите ви е веќе полесно, па за вас и не би ме чудело ако и успевате на мирен и тивок начин да се наметнете како критериум за многу работи. БЛИЗНАЦИ Ќе имате потреба од помош или поддршка од најразновиден вид и тип која и ќе ви биде дадена но со условувања, со обиди да ви се наметнат некакви идеи и решенија. Ако е во прашање некаква финансиска потпора веројатноста дека ќе прифатите е голема, и зависи од вашите потреби по финансии и пари, а мислам дека ретки се тие кои би одбиле поради некакви услови за кои вие мислите дека се само проформа дадени. Мислам дека ќе се изненадите колку ќе се инсистира на нив, особено ако се направени и во писмена форма…
Повеќе на TZM.mkОВЕН Во саботата нема дневни аспекти