Викенд хороскоп за 01.08- 02.8.2015

Викенд хороскоп за 01.08- 02.8.2015Овен Овој викенд ќе се чувствувате како победник. Енергијата ви е зголемена и имате чувство дека можете да направите се што ќе посакате. Ако сте осамени, искористете го овој викенд и побарајте ја вашата сродна душа. Во следните денови повеќето припадници на овој знак среќно ќе се заљубат.
Бик
Проблемот кој овие два дена ќе го имате се однесува на вашето здравје. Се чувствувате омалаксано, исцрпено и лошо. Само со одмор и правилна исхрана оваа состојба можете да ја сведете во нормална мера. Емотивните недоразбирања се последица на претераните очекувања и идеализирање на партнерот.
Близнаци
 Можно е да  се остварувате во некаква мануелна активност, работа, професија, занимање повеќе отколку интелектуалната, иако ќе имате потреби и од такви манифестации, докажувања или барање на работа со интелектуален предзнак и ангажман. Мануелното кај вас може да е изразено и вообичаено сте многу вешти во поправките низ домот, свои или на други ако сте расположени за тоа

 
Рак
Во еден следен период од дваесетина и кусур дена може да дојдете во доста специфични и деликатни ситуации на некаква тајновитост и конспирации во врска со вашите партнерства, било да се работи за некаква лична тајна конспиративна врска, тајна љубовна врска и слично. Но може да ескалираат и некакви стравови во врска со врзувањето партнерство или љубовта.
Лав
 Некакви ограничувања можат да ви се постават во домот, од страна на едниот родител, може да се ограничувања на вашите манифестации или пориви, а потребата да се биде она што сте може да биде исклучително силна. Можни се и друг вид на случувања во врска со домот или едниот
родител на физички и на психолошки план.
Девица
Не ќе можете да направите се што сте планирале за денешниот ден. Работите ви се натрупале, а вашето трпение е на минимум. Ви треба повеќе концентрација и ангажирање. Побарајте помош од вашите колеги. Во семејството ситуацијата е доста напната, некој член навистна ви прави големи проблеми.

 
Вага
Во работата ќе бидете доста успешни, од рака ќе ви одат краткотрајни работи, но избегнувајте долготрајни обврски, бидејќи пред се треба да внимавате на себе и вашето здравје. Финансиската состојба ви е одлична, можеби ќе добиете неочекувана добивка, која многу ќе ве израдува.
Скорпија Викендов ќе добиете вести во врска со работата. Вестите што ќе ги добиете ќе ве развеселат и со нетрпение ќе го чекате новиот работен ден. Ова расположение ќе се пренесе и на партнерот, што значи дека ќе поминете убав и релаксиран викенд. Најдобро ќе биде да отидете на некое место покрај вода, каде што има добра забава. Ако сте слободни, можно е викендов да се сретнете со еден бивш колега, кој ќе ве изненади со изјавата дека има некои чувства кон вас. Стрелец Ситуацијата со партнерот се поправа и затоа е најдобро да го искористите моментот и да отпатувате некаде. Ќе добиете шанса, која не смеете да ја пропуштите да го поминете викендот во странство. Внимавајте на трошоците што ќе ги направите таму, затоа што може да ви се случи да потрошите премногу. Слободните стрелци ќе имаат прилика да сретнат една личност во знакот на Овен која многу ќе им се допадне. На повидок е нова љубов.

 
Јарец
Можеби саботата ќе ви биде понапната од неделата бидејќи во саботата се можни прилично жестоки и страсни расправии со женско лице, без оглед на кој пол вие му припаѓате, но ако сте од машкиот тоа подразбира дека во прашање можат да бидат и моментални чувства, ако сте од помладите, може да се жестоки чувства кон некој постар, недоразбирања, разлики во гледањата на работите и односите и слично, а ако сте од женскиот род можеби расправија со машки авторитет, секако во оптек се сите можни варијанти.
Водолија
Комуникативни сте, но помалку немирни и нервозни. Дали причината за тоа е заљубеноста? Преиспитајте се добро. Децата ќе ви приредат некакво изненадување или пак можеби вие нив. Доколку не сте во врска, можеби токму овие два дена ќе ви донесат среќа.
Риби
 Многу патувања се можни или пак контакти со странци, странство, или пак партнерот оди во странство, а ако сте во такви настојувања и добивање на можност и за преселба во странство или од некоја постапка со документи во таа смисла, правосилност на некакви судски решенија, или пак некакви случувања на образовен план, а со каква успешност, ќе зависи од вашите лични залагања кон споменатите теми.Овен Овој викенд ќе се чувствувате како победник. Енергијата ви е зголемена и имате чувство дека можете да направите се што ќе посакате. Ако

Пронајдете не на следниве мрежи: