Викенд хороскоп за 01.10. – 02.10.2016

Откријте што велат астролозите за тоа какво влијание ќе имаат ѕвездите во вашиот викенд хороскоп за 01.10. – 02.10.2016 година.Овен
Во следните неколку дена внимавајте на болести и можности за разболување. Вие обично не слушате никого или поретко тоа го правите, па и овој совет примете го најдобронамерно. Вниманието ќе ви биде насочено кон работата, посебно некакви интелектуални напори на тој план, но и управување со материјалните ресурси, парите на други луѓе, било да ви е тоа работен ангажман или приватна ангажираност. Можности за сексуални врски со личност од спротивниот пол од работа или запознаен преку работа.
Бик
Аспектите говорат дека се можни некакви добивки на потрошни материјални нешта преку партнерот, односно зголемување на финансиите поради него или во врска со него. Можеби не само поради неговиот деловен ангажман туку и поради некакви наследства, продажба на негов имот и слично. Неоспорни се чувствата кон партнерот, иако во суштина малку повеќе поседнички од потребното, ако воопшто има место за такви потреби. Но, насоката на интересите кон партнерството може да има и други, негативни насоки во зависност од вашите лични хороскопи.
Близнаци
Можностите ви се дека ќе се остварувате во некаква мануелна активност, работа, професија, занимање повеќе отколку интелектуалната, иако ќе имате потреби и од такви интелектуални манифестации, докажувања или барање на работа со интелектуален предзнак и ангажман. Мануелното кај вас може да е изразено и вообичаено сте многу вешти во поправките низ домот, свои или на други ако сте расположени за тоа. Всушност, работоспособноста може да ви е во подем и да не можете да седите ни момент без работа. Можни се здравствени акутни проблеми.

Рак
Во следниот период може да дојдете во доста специфични и деликатни ситуации со некаква тајновитост и конспирации во врска со вашите партнерства, било да се работи за некаква лична тајна конспиративна врска, тајна љубовна врска и слично. Но, може да ескалираат и некакви стравови во врска со врзувањето партнерство или љубовта. Можностите се за запознавање на личност од спротивниот пол преку роднина, брат, сестра, братучеди или преку комшии што се вели.
Лав
Некакви ограничувања можат да ви се постават во домот, од страна на едниот родител, може да се ограничувања на вашите манифестации или пориви, а потребата да се биде она што сте може да биде исклучително силна. Можни се и друг вид на случувања во врска со домот или едниот родител на физички и на психолошки план. Можни се остварувања на некакви наследни процеси и активности, на некаква недвижнина или пак некакво вложување во истото во што пријателите ќе ви се најдат со совет или конкретна помош.
Девица
Периодов можеби ќе имате изразити тенденции кон интелектуална работа, напори и креативност, но и можности да ги подобрите односите со блиските. Најпрво се мисли на личностите во сродство до прво колено, но и до некакви многу куси патувања со нив или поради нив. Во споменатиот период успешност на деловен, професионален план ќе имаат оние кои на некој начин комуницираат, односно работата им подразбира некаков облик на комуникација во една поширока смисла на зборот.

Вага
Можеби ненадејно и на помалку таинствен начин ќе ви се зголемат приходите. Но, ова не важи за оние кои се во постојани стравови за пари или ситуации во врска со нив. Заработката и приливите секако зависат од вашите лични натални хороскопи пред сѐ, од положбата и аспектите на владетелите на финансиските полиња, и во таа смисла односот на Меркур во хороскопот. Но, можностите на финансиски план како транзитни аспекти се тука.
Скорпија
Во следните денови ќе ви биде изразена желбата на некаков начин да си ги искажете или уште повеќе покажете ставовите по одредени доста суптилни прашања, како што е сексот, поддршката од другите, животот-смртта, односите со роднините на партнерот и слични теми, кои ќе бидат предизвикани и од реалности и ситуации во животот. Ваквите нешта најчесто нема да бидат лични, но сепак ќе ве тангираат, можеби ќе се случат во непосредна близина, кај пријатели, или во врска со нив, па оттаму поттик кон темите.
Стрелец
Можеби ќе бидете оној вистинскиот кој работи зад сцената, кој ги организира работите и ги поставува во ред пред да бидат достапни на увид на поширокиот круг на луѓе. Значи ова е период на некаква организација, но и професионални ангажмани, посебно ако вашата работа или професионален ангажман подразбира активности како што се наведени, значи организатори, менаџери, директори, режисери, хирурзи, доктори, психијатри или слични професии и ангажмани. Чудни и таинствени случувања со партнерствата и бракот.

Јарец
Пријателствата ќе ви бидат многу важни во еден следен период и ќе ги користите во секоја прилика и можност особено ако се од истите средини како и вас во социјална или интелектуална смисла. Можности за патувања или преселби во странство. Најголемиот дел од времето сепак ќе се настојува да се подобрат перформансите и ангажирањето, плановите во врска со работата и околу неа, па во таа смисла се и патувањата во странство или пак ангажираноста околу некакви здравствени случувања, свои или на некого од непосредното опкружување.
Водолија
Од денес па натаму во следните денови се засилуваат аспектите кои ја предвидуваат вашата успешност на деловен план, можеби и среќни околности, но степенот на успешноста секако зависи од аспектите во наталниот хороскоп и од инвестицијата во себе и работата, кариерата, образованието. Ѕвездите не можат да го сторат она што вие не сте го сториле или не сте сакале од икс причини тоа да го сторите. Но, внимавајте и на своите чувства кои можете многу лесно да ги врзете со некого кој е на повисока позиција во истото работно опкружување.
Риби
Многу патувања се можни или пак контакти со странци, странство, или пак партнерот оди во странство или последици од вашиот престој во странство, а ако сте во такви настојувања и добивање на можност и за преселба во странство или од некоја постапка со документи во таа смисла, правосилност на некакви судски решенија, или пак некакви случувања на образовен план, полагања магистратура, докторат, а со каква успешност, ќе зависи од вашите лични хороскопи и секако инвестициите во себе на споменатите теми.

Пронајдете не на следниве мрежи: