Викенд хороскоп за 03.09. – 04.09.2016

Loading...

Дознајте какви нешта ве очекуваат во викенд хороскопот за 03.09. – 04.09.2016 година.Овен
Може да си ги остварите карактерот и природата во следните неколку дена, започнувајќи од денешниот, бидејќи аспектите покажуваат дека сте насочени кон некакво водство, лидерство, дека сакате да ги предводите работите, посебно ако сте на некаква раководна или управна функција.
Бик
Вие сте стабилна личност и не влегувате во конфликти со луѓето околу вас. Но, периодов ќе ви се прелее чашата и ќе влезете во дуел со блиска личност. Обидете се да си ги сочувате нервите и да ги избегнете непријатностите.
Близнаци
Менувањето на ставовите што ги имате во однос на некои прашања почнува да ги нервира луѓето околу вас. Односите со партнерот се уште се заладени. Направете напор и обидете се да разговарате.

Рак 
Можно е периодов да дојде до некакви разговори или договори со партнерот или со некого во јавноста, а ако е второво во прашање поголемиот дел од денот или следните три ќе бидете по сокаци што се вели, но во некаква активност која вие ја диктирате, активност која е во насока на остварување на некакви амбиции
Лав
Имате силни финансиски мотиви и денес и во следните неколку дена, па вообичаено упорноста ќе ви се исплати. Кога е добивка во прашање станувате многу агилни и упорни, со силна волја и концентрација, така што и резултатите ќе бидат поволни, посебно на финансиски план.
Девица
Овој ден, а и следните два-три се денови на прилики, но проблем е што вие сметате дека е прилика и на кое поле. Овие прилики се движат во областа на љубовта, децата, забавата, заработувањето, но сите ќе се прикажат поради случајности и среќа како што милувате, иако ниту случајности ниту среќа постојат.

Вага
Вашите амбиции се можеби моментално во конспиративна фаза, но не се и помалку силни, само не ги покажувате пред другите отворено, иако можете да бидете прилично упорни и настојчиви во нивните остварувања. Ова може да се и некакви нови почетоци на некакви нови зафати, кои ќе бидат настојчиви, упорни но конспиративни и претпазливи, а кои се однесуваат на вашиот статус, положба, углед или позиција на работното место
Скорпија
Периодов  многу комуникации на социјален план или со познати пријатели кои можете да ги користите за остварувања на некакви свои амбиции, кои пак ќе се активираат и засилат во следните неколку дена. Многу говорење исто и околу некакви чувства кои некој ви ги упатува, најчесто од редот на познатите и пријателите, кои се во таа дефиниција поради вас и вашите неможности да одговорите на чувствата со иста мерка или поради асексуалноста која ја имате кон односниот пријател. Многу ќе ве интересира успехот и резултатите од некои напори од порано. Стрелец
Овој и следните неколку дена, би требало да се успешни, на статусен, деловен, финансиски план. Значи, остварувања се можни на сите полиња од ваш посебен интерес, посебно на оние кои задираат во вашата позиција на деловен план, во статусната положба било на деловен било на приватен план, или на планот на финансиите, со некакви остварувања на приходи, но со упорност, напор, концентрација кои ви се неопходни за постигнувања на овој план.

Јарец
За вас ќе биде најдобро викендов да го поминете во мирување. Ви претстојат напорни денови и затоа е најдобро во текот на овие два дена да ги наполните батериите. Доколку сте во брак или во сериозна врска, внимавајте на односите со партнерот. Може да ви се случи мал конфликт, при кој ќе дојде до израз вашата тврдоглавост. Вие ќе си го истерате своето и нема да попуштите и поради тоа многу ќе го навредите партнерот. Водолија
Ако се занимавате со приватен бизнис, викендот ќе го поминете работно. Можно е да добиете една примамлива понуда за која ќе морате да направите соодветни подготовки и затоа ќе го одложите одморот за следниот викенд. Ситуацијата на работен план ќе ја стабилизира и вашата психа и ќе го смени вашето однесување кон партнерот. Вашите односи ќе се подобрат и партнерот ќе ви даде голема поддршка. Внимавајте на циркулацијата, а можна е и аритмија. Риби
Среќен роденден на сите што го слават овие два дена. Ова е ваш месец и искористете го на најдобар начин. Ако играте игри на среќа во недела би можеле да пополните едно ливче и да добиете помала сума на пари. Партнерските односи ви се добри и престанете да се сомневате. Немате никаква причина за тоа. Ако сте слободни, можно е да ви се врати една личност од минатото.

loading...