Овој викенд ве очекува…ОВЕН
Во саботата може да се случи да започнете еден куп работи, но само да ги започнете а ништо да не завршите, да бидете натаму-наваму и за се да имате причина и оправдување, но на крај да дојдете во конфликтна ситуација или однос со некој постар или поавторитетен во својата околина, или пак претпоставен ако сте деловно ангажирани во саботата. Од друга страна, имате тенденција што некакви однесувања да ги прогласите веднаш за навика, за да не давате образложенија за нив. Неделата сепак порелаксирана и потребно е да се зафатите со дневни мали ситни обврски кои ќе ги завршите истиот ден.
БИК
Во саботата ќе имате некаква драмолетка со децата доколку ги имате или со чувствата кон личности кон кои имате емоции, најчесто кон едниот родител, во најголем број случаи со таткото, но и не мора да е така, можеби и со некој авторитет кој има таков татковски, читај строг, однос и сака да се наметне како авторитет. И тоа по прашање на некакви ваши дружења, јавни однесувања или однесувања на јавен план, објект, место, видот на тоа место и слично. Неделата е можеби порелаксирана но ако сте од помладите, внимавајте на пиењето алкохол или на друг вид стимуланси.
БЛИЗНАЦИ
Вашето пак внимание ќе биде насочено викендов кон некакви почетоци или завршувања на некакви стории, по се изгледа чувствени или љубовни, а почетоците можат да бидат со личност од спротивниот пол која ќе биде таа кон која ќе ги насочувате вашите интереси и чувства, иако ќе бидете привлечени од атрактивниот изглед на истата. Можеби некакви расчистувања во домот, на физички план, со некакви отпади и стари нешта кои требало одамна да се расчистат или исфрлат или со односи со некоја блиска личност која се обидува да тренира авторитет на вас.
РАК
Саботата би ја прогласиле за убава иако случувањата може да ги доживеете како непријатни, но затоа пак поуката ќе биде велелепна. За цинизмот сте во право, но ако сте на ум да се запознаете себеси овој викенд ви дава за право тоа и да го сторите, нормално во некаква ситуација во која ќе се откриете себеси и свотата манипулативност и како се обидувате својата чувствителност да ја “продадете” што поскапо на својата околина, во некои случаи и за вистински пари, ако сакате да извлечете некој денар од некого или најчесто за подобрување на некаков однос или со здобивање доверба.
ЛАВ
Во саботата емоции кои можат да бидат предизвикани поради некаков фрустрирачки однос од некој постар, родител најчесто, но и друга личност која ја сметате за авторитет или така ја третирате, поради обвинувања за некаква лоша услуга, нега, грижа односно негрижа, а расправијата и аргументацијата поприлично да ве возбуди. Неделата е ден за рекапитулација која секако ќе ја насочите на тоа колку сте потрошиле време и материјални ресурси на некого и како тој ви возвраќа. Мислам дека ќе најдете доста утешни причини, но дали и вистинити, е големо прашање.
ДЕВИЦА
Бидејќи може да сте викендов исклучително повредливи како резултат од изминатите денови и влијанијата на планетите, ќе се фрлите во некакви конспиративни зафати и односи, се што ќе правите ќе биде на некој начин конспиративно, тајно, но промислено и калкулативно. Значи, внимавајте на своите обиди за манипулација со фактите и луѓето со кои сакате да си ја остварите личната доминантност, да наметнете свои интереси, со најчесто скриени мотиви, а сето да го завиткате во убав целофан на заедништво, чувства и слични категории.
ВАГА
Можеби саботата ќе бидете во некакви ситуации на конспиративни односи и релации, особено ако имате љубовна врска која од ваши причини морате да ја држите во конспиративност, но поради која може да се почувствувате крајно изложени, фрустрирани и инхибирани, со чувство на пониженост, срам и слични нискофреквентни чувства. Неделата е веќе период на стабилизација, но не и решавање на проблемот бидејќи ќе си најдете некакво лично логично објаснување, најчесто некоја лага која ќе ја прогласите за вистина како би задржале некакво статус кво. Внимавајте, говорам за сите можни односи и евентуално љубовни.
СКОРПИЈА
Викендов релативно мирен и можеби и со бенефитни случувања ако сте така настроени од изминатите денови или како последица од случувањата во истите. Значи, убави динамични нешта посебно на планот на вашето социјално живеење, на планот на дружењата кои можат да бидат искрено речено и доста напорни за вас, посебно во недела, бидејќи ќе има еден куп преправања, подлажнувања, невистини и искривени нешта во вашите заемни односи. Од вашето ниво на свесност зависи дали ваквите пријателства и понатаму ќе ги одржувате или не. Одлуката ќе говори и какви сте вие во моментот.
СТРЕЛЕЦ
Саботата малку напната, посебно на ниво на односи со постари личности, поавторитетни или што мислат дека се тоа, и тоа околу пладне кога и се формира аспектот кој е одговорен за ваквите нешта. Интересот во саботата и кон некакви статусни нешта, успеси, задоволства, манифестации, а во недела веќе е ден за планирање, за односи можеби и со подалечни роднини, кои можат да ве нагазат во домот, да имате посети, можеби и ненајавени и еден куп тажни приказни, кои ќе ви бидат раскажани со единствена цел да ве омекнат во побарувањето на некаква помош или услуга.
ЈАРЕЦ
Можеби саботата ќе ви биде понапната од неделата бидејќи во саботата се можни прилично жестоки и страсни расправии со женско лице, без оглед на кој пол вие му припаѓате, но ако сте од машкиот тоа подразбира дека во прашање можат да бидат и моментални чувства, ако сте од помладите, може да се жестоки чувства кон некој постар, недоразбирања, разлики во гледањата на работите и односите и слично, а ако сте од женскиот род можеби расправија со машки авторитет, секако во оптек се сите можни варијанти. Во недела веќе е период на резиме и размисла, со ладна и објективна глава.
ВОДОЛИЈА
Насоката на вашето внимание ќе биде кон јавноста барем онаа вашата, кон личностите од вашето опкружување, имате истенчено чувство за нивните потреби и многу ви е значајно што тие мислат за вас, па по секоја цена може и да се обидувате да го одржите и зачувате убавото мислење за вас на таа ваша јавност. Ова меѓутоа значи дека ќе го запоставите малку повеќе оној кој е најважен во приказнава, а тоа е партнерот, нормално ако го имате, и кој нема да е пресреќен заради вашите настојувања . Ако го немате, се враќаме на првата тема, сега, со дополнителен мотив.
РИБИ
Саботата ви е доста понапорна бидејќи најчесто случување кое е можно е некакви лелекања околу чувствата и нивната вистинитост, околу посакувања, а некои припадници посебно припаднички на овој знак со силно чувство и за деца. Неделата е ден кој ќе го посветите на многу ситни дневни обврски, сопствена нега и одржување, посебно ако сте од женскиот род, но и на некакви услуги или “служења” на други луѓе, кои имаат потреба од вас. Би можеле денес и нешто да приготвите за ручек, без оглед на кој пол му припаѓате.ОВЕН
Во саботата може да се случи да започнете еден куп работи, но само да ги започнете а ништо да не завршите, да бидете натаму-наваму и з