Откријте што ви е запишано во ѕвездите во викенд хороскопот за 05.11. – 06.11.2016 година.Овен
Промена која од вас се бара да се направи, ќе биде корисна за деловниот живот, како и за личниот. Бидете тактични, имајте трпение и сè што сте планирале ќе се реализира на најбрз и најлесен начин.
Бик
Околностите околу вас се малку комплицирани денес. Агресивноста ви се зголеми. Може да пројавите дивост дома или на гости. Таквото однесување е премногу ризично и ќе ви создаде проблеми.
Близнаци
Викендов секој ваш потфат треба да е добро промислен. Пазете се од жестока измама на човек на висока позиција. Одвојте време за одмор во природа.
Рак
Не бидете мрзеливи викендов за постигнување на целите. Добро е да се направи нешто неконвенционално или оригинално. Потпрете се на интуицијата и нека мислите, чувствата и делата бидат во целосна синхронизација во текот на викендот.
Лав
И покрај тешкотиите и чувството за психичко и физичко исцрпување, викендот е успешен и ќе ги постигнете посакуваните резултати во своите дела.
Девица
Лесно ќе верувате на лажни или неостварливи ветувања, ќе одржувате мали надежи за нереални работи. Сами по себе ќе имате среќа, но зависи дали ќе го насочите вниманието во вистинската насока.
Вага
Трпението во однос на нова врска ќе ве издигне во очите на партнерот и ќе ве направи значајни. Секој мал гест ќе ве доближи до срцето на саканата личност во вашиот живот.
Скорпија
Викендов ќе треба да следите сè што се случува околу вас и да не ја испуштате ситуацијата од контрола. Околностите во сферата на љубовта значително ќе се подобрат и значајна улога во тоа ќе одигра ваш близок пријател.
Стрелец
Деновите од викендот се прилично напорни за вас. Многу негативни емоции се јавуваат дома поради проблеми, а нервите ќе бидат стеснети до крајни граници.
Јарец
Концентрирајте се на задачите викендов и потрудете се да сносите одговорност за своите постапки, без погодно да се извинувате со стореното на блиските или пријателите.
Водолија
Сега е времето да ги решите своите проблеми или трајно да ги завршите досегашните задачи, за да се соочите со нови дела или дури да го промените правецот на настапите.
Риби
Чувајте се ако ве критикуваат. Конструктивниот дел од критиките прифатете го, а за остатокот да не ви е гајле. Ако се најдете на ново место, делата ќе тргнат кон подобро.