Откријте што ве очекува во викенд хороскопот за 08.10-09.10.2016 година.Овен
Во еден догледен период на убав начин ќе станете помеки, почувствителни, посензибилни на емоциите и чувствата на другите, што ќе биде интересна промена за вас и за вашата околина, која пак нема премногу да ви верува, ама и со право. Како и да е, поради ваквите манифестации еден голем број на пријатели ќе се врати во дружбите со вас, ќе запознаете многу други, а конкретно викендов може да ви послужи како репер за тоа на каков начин ќе комуницирате со нив. Многу пак пријателства со личности од спротивниот пол може да прераснат во нешто друго уште за викендов, но поради лични предрасуди или причини ваквите врски ќе ги држите во тајност.
Бик
И вашиот социјален живот ќе биде во подем, барем викендов, но всушност вас повеќе ќе ве интересираат личностите од спротивен пол ако сте сами, па дури и да не сте, ќе имате потреба некој да манифестира заинтересираност за вас, што малку ќе ги дополни нешто истрошените емоционални и чувствени батерии. Но ова се однесува само за викендов, но пожелно е да не ги идеализирате пријателите за да имате што помалку разочарувања. Всушност, викендов главна ваша одлика ќе бидат добродушноста и спокојноста.
Близнаци
Дипломатијата ќе биде главно оружје во врска со вашиот знак во еден прилично долг период, кој се проценува извесно време, па оттаму и засилени општествени, социјални и деловни успеси, во кои улога ќе имаат пријателите кои сакаат да ви помогнат. Голем ќе биде приливот на личности од спротивниот пол во вашиот живот, но како што стојат работите сепак ќе се одредувате според тоа колку на некој му е полн џебот отколку срцето. Со други зборови, ќе се одредувате за однос од позиција на статус и практичност повеќе отколку по срцето и чувствата.
Рак
Повеќе аспекти викендов се одговорни за вашиот живот. Тие се наоѓаат во позитивниот однос кон друштвеност, забава, хедонизам, зголемена љубовност и пожелност, сензитивност. Можеби ќе имате контакти со лица кои не се од вашата средина, можеби и од подалеку, со странци. Ваквиот однос на небесните тела покажува можности и за зголемен ангажман на планот на образованието.
Лав
Во следните неколку дена можеби ќе имате некакви навистина големи бенефити од страна на партнерот или од страна на средината и околината во која се движите. Ова се позиции на помали, но значајни среќни околности по прашање на финансиите и бизнисот. Исклучителни љубовни односи, многу секс и такви пориви, зад кои, посебно зад женскиот дел од знаков, може да се кријат и силни мајчински инстинкти. Ова за сексот, можеби ќе го проверите уште викендов.
Девица
Некоја мала среќа ќе ве „погоди“ викендов вас или партнерот, кој можеби ќе ве изненади со нешто, или пак вие него. Во секој случај, дури и да имате лоши односи во врската, од викендов натаму како да ќе имате тенденција на подобрувања, што лесно и може да се случи ако имате силни и вистински чувства, а не калкулации и рационални гимнастики на оваа тема што ги прогласувате за чувства. Викендов имате прилично весели аспекти и можности за такви случувања, но прашање е дали можете да ги одржувате такви поголем период.
Вага
Добивате прилично силни емоции и чувствителност, пориви по дружби, кокетирање, шармирање, освојување, но сето е доста бенигно, под услов да се почитуваат вашите навики и наметнати мислења на кои помалку како да робувате. Од викендов натаму можеби ќе имате некаква промена во исхраната што ќе биде особено добро и бенефитно за женскиот дел од знакот, посебно да се симнат неколку нафрлени килограми.
Скорпија
Ќе имате среќа во поглед на љубовта, кои понатаму може да се манифестираат како седење на повеќе столчиња истовремено, нови запознавања. Следува обновување на чувства во поглед на некакви берзански шпекулации, трансакции на капитал и средства, трговија. И децата можат да ве направат среќни, а во врска со тоа женскиот дел влегува во исклучителен фертилен период.
Стрелец
Викендов ќе имате голема потреба да ги забавувате другите да бидат среќни, но низ смеа и шега. Ова за поединци од вашиот знак може да претставуваат успешни почетоци на некакви случувања, дела, односи или пак исто такви финализирања, можеби дури и на еден циклус од вашиот живот. Ќе имате среќа во финансиите, посебно ако сте со некаков приватен бизнис. Придржувајте се до основните морални начела, па ќе имате големи задоволства.
Јарец
Викендов ве очекуваат доста значајни и доста долготрајни промени. Од викендов натаму еден подолг период на некаков начин ќе бидете посензитивни на односите и комуникациите со најблиските. Викендов е тоа позитивна сензитивност и весели комуникации, но нема да бидат такви понатаму.
Водолија
Би требало малку да внимавате на својот паричник и одлив на пари кои би можеле забрзано да ја напуштаат вашата сопственост поради исклучително сентиментални причини, како и вашата неспособност на некого да му речете не или да го ограничите во трошењето. Ова се нарекува „меко срце“, но поинаку би се нарекло и емотивна зависност од други, бидејќи едноставно не можете без нив, а не сакате да ви се налутат ако ги одбиете.
Риби
Имате голема привилегија, но и опасности во еден не баш мал период. Вашата чувствителност, емоции и емоционални ангажмани ќе се зголемат до можеби и непосакувани граници. Викендов ќе функционирате одлично, весело, пожелно и бенефитно, но нема постојано да биде така. Најголемиот проблем на овој аспект е претераната зависност од емоциите на другите или пак ќе ги присилувате на еден или друг многу суптилен начин другите да зависат од вас и од вашите емоции.