Викенд хороскоп за 08-09.11.2014Овен
Викендот ќе ви биде исполнет со провокации и несогласувања. Ќе бидете ставени во искушение, исполнети сте со силни чувства а емоциите ќе ви бидат променливи. Потрудете се да не отстапивате од своите принципи.
Бик
Можно е вашите планови викендов да претрпат промени. Затоа подобро е да не започнувате нова активност , бидејќи можно е да немате време зе тоа. Треба да бидете повнимтелни во односите со најблиските и со партнерот. Можни се моменти на гнев.
Близнаци
Ве очекува мирен викенд кој ќе минува во знакот на добрината и љубовта. Периодот е добар за активна работа. Можно е слободните да запловат во брачни води, а оние кои веќе се во брак да планираат дете.
Рак
Ентузијазамот за живот е на високо ниво. Се разгорува вашата сексуалност и привлечност, што може да доведе до хармонична љубов. Овие денови ќе се радувате на креативните импулси и нивната рационализација ќе ви донесе успех. Добар период за колективна работа и дружење.
Лав
Периодот е добар за реорганизација во домот. Можно е да решите многу проблеми околу имотот. Можно е влошување на финансиската состојба. Подобро е да го поминете викендот извршувајќи секојдневни активности. Обрнете повеќе внимание на тоа како изгледате.
Девица
Бидејќи имате интуитивни мисли, вие се обидувате да допрете до вистина која е недостапна за другите. Сега повеќе слушате и набљудувате отколку што зборувате. Можен е силен интерес кон психолошки и криминални размислувања. Материјалните желби нема да се сменат.
Вага
Доколку финансиската состојба ви го дозволува тоа, направете добро дело. Не е неопходно да го фокусирате вниманието на интимните проблеми. На крајот на краиштата треба да разберете, сексот и љубовта не се едно исто нешто.
Шкорпија
Продолжуват емоционалните проблеми. Веројатно плановите ќе претрпат промена. Траба да бидете многу внимателни. Не бидете премногу амбициозни. Можни се пријатни изненадувања или вести.
Стрелец
На прв поглед нештата можеби ќе ви изгледаат стабилни, но во себе чувствувате немир. Иамате можност јасно да ги согледате проблемите и комплексите кои се насобрале во текот на годините и да се справите со нив.
Јарец
Викендот ќе ви мине во благосостојба, но тоа не мора да значи дека треба да се занимавате љубовни авантури и рискантни постапки. Не донесувајте остри заклучоци. Периодот е добар за занимација со спорт. Жените од овој знак ги очекува ново познанство.
Водолија
Можно е одредена ситуација да ве натера да направите компромис со совеста. Тоа е од општа полза. Внимавајте да не влезете во конфликт со најблиските.
Риби
Можно е да се радувате на успешен викенд. Но за тоа неопходно е да привлечете луѓе кои ќе ви помогнат да ги остварите плановите. Обидете се да бидете трпеливи и одговорни. Овен
Викендот ќе ви биде исполнет со провокации и несогласувања. Ќе бидете ставени во искушение, исполнети сте со силни чу