Некој мора да го исклучи разумот, а некој мора да ги контролира чувствата.Прочитајте што ви предвидоа ѕвездите за овој викенд.
Овен: Новите случувања внесуваат мали промени во околината. Сите реагираат но никој не ви помага. Немате доволно трпение да ги слушате критиките. Потпрете се на партнерот и на неговата поддршка. Почнете со рекреација.
Бик: Внимателно анализирајте ги сите случувања и одлуките донесете ги со разум а не со чувства. Мудро заобиколете ја темата што партнерот се обидува да ја започне, не сте во ситуација да разговарате за сериозни работи. Повлечете се и чекајте подобар момент. Можни се главоболки.
Близнаци: Доволно сте промислени за да ги избегнете замките, затоа внимавајте на луѓе кои сакаат да ве наведат на своето. Не ги потиснувајте чувствата и намерите, партнерот знае како ќе ви угоди. Добро се чувствувате.
Рак: Сите проблеми завршуваат на добар начин. Се чувствувате добро и викендот ви носи мир и одмор. Посветете му се на партнерот и одберете улога што ви одговара за да уживате во љубовта.
Лав: Оставате добар впечаток на новите познаници. Интелигентни сте и многу внимателно ја прикажувате својата емотивна страна. Сочувајте ја присебноста и потиснете го нерасположението, на партнерот му е потребна вашата поддршка. Можни се проблеми со главоболките.
Девица: Нестрпливи сте, а вашето нетрпение не донесува позитивни резултати ниту било чија наклонетост. Исклучете го разумот и потпрете се на чувствата за да поминете низ викендот. Се чувствувате добро.
Вага: Добро сте расположени. Самодовербата што ја чувствувате делува позитивно на сите кои се наоѓаат во ваша близина. Испланирајте романтичен викенд со партнерот за да уживате во интимата. Водете сметка за исхраната.
Скорпија: Иако ги имате сите можни докази, вистината за проблемот што ве мачи се уште нема да излезе на виделина. Стрпете се. Имате добро емотивно претчувство, особата со која често сте во контакт ќе ви ги признае своите чувства. Ви треба одмор.
Стрелец: Сакате се да функционира беспрекорно, а за тоа ви се потребни добра волја и смиреност. Обидете се да ја контролирате еуфоријата. Добро сте расположени и успевате да го остварите она што другите не можат. Прошетајте со партнерот, ќе ви годи блискоста и свежиот воздух.
Јарец: Внимателно сослушајте кој што има да ви каже бидејќи можете да извлечете добра поука која ќе ви помогне да донесете важна одлука. Не можете да одолеете пред новите предизвици што пред вас ги става љубовта. Го шармирате партнерот, иако сте нервозни.
Водолија: Се чини дека имате добро решение за сите тековни проблеми, а за тоа најзаслужна е вашата околина која има многу позитивна улога. Заблагодарете му се на партнерот и разубавете го викендот и за себе и за него. Се чувствувате одлично.
Риби: Доволно сте способни ефикасно да ги остварите своите цели. Ќе станете сомничави бидејќи партнерот делува задоволно без повод, претерувате и преувеличувате. Погрижете се за здравјето.Прочитајте што ви предвидоа ѕвездите за овој викенд.
Овен: Новите случувања внесуваат мали промени во околината. Сите реаг