Викенд хороскоп за 13- 14.08.2016Овен
Ве очекува добар викенд бидејќи успешно се справивте со финансиските проблеми оваа недела. Способноста да бидете трпеливи и да направите компромис, ќе ви обезбеди добри и постојани приходи од дополнителната работа.
Бик
За дел од претставниците на знакот овој викенд ќе биде потполно релаксирачки поради постигнатиот успех постигнат по тешка , упорна и долготрајна борба .
Близнаци
Овој викенд нема ништо да ги попречи претставниците на овој знакот при остварување на семејното дружење, така да можете слободно да се релаксирате.
Рак
Самите сте свесни за некои свои мани. И тешко дека ќе ја поправите оваа ваша мана. Овие два дена се одлични за заработка, но уште подобри за трошење, па викендов ќе си дозволите некоја убава и вредна работа. За тоа сте вистински мајстор.
Лав
За вас ова ќе биде многу здодевен викенд. Во очекување на спектакуларни нешта, сè ви изгледа глупаво и многу помалку вредно отколку што реално е. Уште кога на ова ќе се додаде вашето променливо расположение, пукате од мака. Ќе мора да си дозволите нешто убаво и пријатно – топла и миризлива купка на пример.
Девица
Успешен викенд во секој поглед. Полни со елан се пуштате во нови походи, а притоа ни малку не ги штедите своите можности. Грешите. Бидејќи преголемиот замор може штетно да влијае врз вашето здравје, и тоа кога најмалку ќе очекувате. Поголем број припадници на овој хороскопски знак се заљубени, дури и мечтаат за прељуба. Ова не е во ред.
Вага
Во зависност од личното интересирање или мотивација, одберете работа која носи најдобри резултати. Имате добро претчувство и сакате да ги остварите своите емотивни потреби. Чувствувате емотивна инспирација и сите околу вас ги забележувате, како да се наоѓате на златен пиедестал.
Скорпија
Викендов ве очекува добивка и можност за успешно креирање или практично приспособување на работните планови. На љубовно поле посакувате повеќе возбудување и нежности со љубеното лице. Потребна ви е мала инспирација за да го почувствувате занесот, среќата или емотивна инспирација. Доколку сте слободни, одговорете на нечии пораки или слабост.
Стрелец
Важно е правилно да се наметнете или да ги истакнете своите способности. Изгледате задоволно на љубовно поле, покрај вас се наоѓа лице кое искрено се грижи да ги исполни вашите емотивни желби. Доколку сте слободни, ве очекуваат покани за состанок. Ќе ви годи нечие интересирање и нова љубовна романса. Добро сте расположени кога се во прашање нови емотивни предизвици.
Јарец
Правилната информираност дава поширока можност за добар избор и деловна афримација. Вашите соработници имаат добри идеи, обрнете внимание на сите корисни информации што гарантираат добри деловни резултати. Можно е да повредите некоја личност, гласот на совеста ве потсетува да се извините. Водолија
Се наоѓате пред нови деловни дилеми и потребен ви е нечиј совет, не треба да ги преценувате своите можности. Сакате да одржите ниво на успешна соработка. Понекогаш вашиот љубовен живот не е доволно возбудлив и интересен, но вие имате добра волја да го промените тоа. Риби
Имате добра намера, но постојат изнанадувачки околности што ве спречуваат да ги остварите своите деловни планови. Подобро е да сопрете во критичниот момент кога ситуацијата почнува да се комплицира, отколку да ризикувате во деловните преговори.Овен
Ве очекува добар викенд бидејќи успешно се справивте со финансиските проблеми оваа недела. Способноста да бидете трпе