Викенд хороскоп за 16.07-17.07.2016

Откријте какви изненадувања ве очекуваат во викенд хороскопот за 16.07-17.07.2016 година.Овен
Освен партнерот, кој веќе ви е лут и тоа дебело, можат да ви се налутат некои личности и на деловен/професионален план, а некои од нив не би требало премногу да ги лутите. Имено вие работите за нив, не тие за вас, иако понекогаш токму така се однесувате. Мислам дека сте предмет на некакво озборување, да не речеме клеветење, некакви лаги и полувистини, особено оние врзани за вашиот интимен живот. Во финансиите сте успешни и имате некого на кому му е добредојдена вашата помош.
Бик
Вашиот простор полека се полни со сѐ позначајни планети, а наскоро ќе пристигне и вашата кралица Венера, што секако ќе ви донесе не мали бенефити, а и ќе ве заштити од некои ситни глупости кои сте склони да ги правите. Викендов сте агилни, работни, со една цел – статус, кариера, успех, пари, можеби не баш по тој редослед. Плановите може да ви ги забави само ако се судрите со некој исто толку насочен кон ваквите цели, здравјето на родител, или некаква тајна врска која ја негувате.
Близнаци
Доброто и убаво расположение може да ве зафати поради чувства од некои домашни личности многу блиски, родителите или едниот од нив, пријателите, посебно оние кои се блиски и интимни. Добивате се повеќе и од партнерот, можеби повеќе во покажување од искажување, ама и тоа е видлив напредок, и не би требало да тражите во моментов повеќе. Ненадејни случувања само на професионален план. На некој претпоставен во петок му текнало да прави реформи. Добро е што има и над него за да ја спречи таа лудост, а и вас да не експлодирате, иако тоа не ви е својствено.

Рак
Можна е една убава расправија со подоминантниот и поавторитетниот родител, правопропорционално посилна колку што сте помлади, а всушност целата приказна произлегува од меѓусебните односи на родителите, кои не се расположени баш во последно време, а вие им доаѓате како валута за поткусурување. Но, можно е и убаво расположение, такт и мир ако сте од машкиот дел од знакот и кој има заземено пристојна дистанца од своите родители, особено од мајката.
Лав
Комуникациски сте силни и моќни, имате и харизма, па и ве сослушуваат што можете да го сметате за чудо. Релативно успешни на статусен план, на планот на постигнувањата, секој ден постигнувате и освојувате по нешто, инаку ви е досадно, а кога ви е досадно ве фаќа мрза и нервоза. Нервоза може да ве фати и поради постар авторитет кој ви го руши егото, ама да се вратиме на приказната за ислушувањето. Ако успеете и ова да го ислушате без објава на војна, ќе добиете многу.
Девица
Внимавајте денес, може да се донесете во опасност порадиу нестручно или невнимателно ракување со некој електричен апарат. Ова исто се однесува и на децата па и на сите на купче и вие и деца, посебно ако сте женски пол. Немате некаков успех на деловен план, некако слабо оди, малку подобро ако сте сам свој газда. Но, најдоброто е сепак кај децата, кај чувствата што вие ги давате кон некого, но и во новите романтични случувања иако не сте романтични по природа. На брачен план некои заблуди се откриваат, ама и некои лаги.

Вага
Ненадејно откривате дека вашиот сопруг или партнер има љубовница односно седи на два стола. Можностите се големи, но за мал број родени во овој знак. Според марфиевите закони ова го откривате ненадејно, не сакајќи, и во прво време нема ниту да забележите дека сте откриле такво нешто. Овие можности ви се на ред неколку дена. Оние пак кои нема да откријат ништо нека не паѓаат во филмови „мора да има”, оти може и да нема, а не му е до секс поради премор, нервози и слично. Машкиот дел од знаков може да има други проблеми. Премногу време се поминува во меана, и со алкохол.
Скорпија
Имате големи можности во неколку десетина дена да бидете насочени кон партнерството, деловното посебно интимното, кон борба со јавни непријатели кои какво што е политизирано времето, ќе бидат се поинтензивни, кон јавноста воопшто. Поради напор и притисок во секојдневицата, срцето забрзано работи, па не ќе е лошо да се одморате почесто и повеќе, во смисла да рекреирате и репарирате. Точката на среќата ви е сепак во полето на чувствата кои ги давате. Сакајте некого.
Стрелец
Можна јавна промоција, сатисфакција на вашето его и гордост, работи кои не се баш спиритуални ама се животни, секојдневни. Задоволства поради насоченоста на вашите чувства кон некого. Имате па давате, да немате нема да давате. Среќен е оној што дава оти има. Запаметете го ова и секогаш ќе ви биде подобро од добро. Со други зборови, задоволство, чувство на среќа и исполнетост поради чувства кон некого, поради дете и некакви успеси од таа страна. Но, некои ги има и љубоморни поради ваквите ваши случувања. И тоа од најблискиот круг личности.

Јарец
Сакате да ви биде убаво, ќе ви биде. Посакувате или сте загрижени, ќе ви се оствари и тоа, ама убаво нема да ви биде. Бидејќи вибрациите викендов покажуваат дека се излегува и се филтрира преку вас. Не инсистирајте на поправање на односите со подалечни и поблиски роднини. Ќе изгледате смешно. Со парите сте внимателни, но внимавајте на крадци. Одлични сте во новите романси.
Водолија
Атмосферата е убава за финансиски зафати, иако е викенд. Но, не претерувајте со плановите како ќе потрошите кога уште не сте ги ниту виделе парите. Одлична комуникација со најблиските и некаков договор за нешто да сторите некому, да му помогнете, а тоа можете да бидете и вие ако ви треба некаква помош. Во ова учествува и вашиот партнер и на ваше, ама и на негово изненадување. На професинален план успешни, имате решенија за сите дневни проблематики, едноставно не се заморувате премногу на работното место. Но, со пријателите, немате среќа.
Риби
Ненадејни и наивни во однесувањето, менувате секој час по малку од своето однесување. Имате проблем со чувствата што ги добивате, или ви се со лош квалитет или ви се малку од оној којшто сакате да ги има. Но, малку работи и вашата сомничавост и несигурност, па можете навистина да си го направите викендот конфузен, што се однесува на планот на чувствата и емоциите. Машкиот дел од знаков нема такви проблеми и партнерските односи тежат многу добро накај одлично. Но, не и за оние бракови во кои чкрипи нешто со месеци.

Пронајдете не на следниве мрежи: