Викенд хороскоп за 17- 18.09.2016: Лавот и Скорпијата во љубов, Девицата полна со идеи!Овен
Многу лековерно го прифаќате новиот предизвик кој одеднаш ви дошол, внимавајте да не згрешите. Уживате да се осамите и да бидете во свој свет. Не допуштате никој да ви го ремети мирот и опуштената атмосфера.
Бик
Полето на приватниот бизнис ви дава одлична солуција, која нема да ја заобиколите толку лесно. Разговарајте со еден Рак за своите намери. Тука некој може да ве ислуша па дури и да ве поддржи.
Близнаци
Морате да бидете доследни во своите идеи, бидејќи само така можете да го реализирате планот кој веќе одамна ви е на ум. Обидете се ја решите лошата ситуација во вашиот љубовен однос бидејќи тоа го можете само вие.
Рак
Пробемите кои ги имате на емотивен план се пролонгираат и понатаму. И партнерот покрај вас исто така не сака да признае дека има пробелм. Морате да сторите нешто што поскоро доколку сакате да ја спасите оваа врска.
Лав
Доколку сте сами, тука е една Скорпија која во потполност ве разбира и која ви помага да се отворите на полето на емоциите. Морате да бидете отворени за нешто потполно ново и незаборавно.
Девица
Ги истакнувате своите идеи, но не сте им доволно посветени колку што ви се чини дека би требало. Не стоите наш најдобро на полето на емоциите. Доколку сте во брак, овој пат не влегувајте во поголема расправија со партнерот.
Вага
Вашата емотивна страна може да биде доведена до точка на пукање, доколку не се прилагодите на дадените услови, кои и се наметнуваат.
Скорпија
Можеби увидувате дека не е се така црно, но и тоа дека партнерот е склон на манипулации. Бидете без грижа, бидејќи на време сте воочиле некои детали кои се многу важни во вшата врска.
Стрелец
Немате намера да се откажете од целта која одамна ви е зацртана. Верувате во она што другите го зборуваат, бидејќи се свртевте малку повеќе кон себе и го запоставивте партнерот.
Јарец
Ќе бидете доволно сконцентрирани во изнаоѓањето нови подобри идеи. Ќе имате уште некоја можност да изградите подобар однос со партнерот и да не правите негативна паралела меѓу она што било и она што го очекувате.
Водолија
Вашето поле на финансии бара подобрување на пеформансите. Морате да бидете ослободени од навиките кои ги имате и кои ве кочат во личниот развој. Врската со еден Рак е одлична комбинација, доколку сте слободни и осамени.
Риби
Се обидувате да се интегрирате со останатите личности во својот професионален сегмент, за да ја појачате својата финансиска страна. Очекувајте средба со личност која одамна не сте ја виделе. Ви следува пријатен викенд.Овен
Многу лековерно го прифаќате новиот предизвик кој одеднаш ви дошол, внимавајте да не зг