Викенд хороскоп за 17- 18.12.2016: Јарецот има интересен ден а Водолијата креативна…

Викенд хороскоп за 17- 18.12.2016: Јарецот има интересен ден а Водолијата креативна…Овен
Имате еден доста чуден период пред себе кога може да се дружите или да бидете во контакт со личности за кои најпрво ќе мислите дека не се многу значајни за да увидите подоцна дека се значајни и тоа многу, некои пријатели можат да прејдат во непријатели, поради лаги кои ве довеле во непријатна ситуација.
Бик
Ова ќе биде одличен ден за вас, ќе почувствувате некаква среќа која ќе ве разнежни. Некој ќе ве потсети на убаво поминатото време во минатото а вие ќе бидете веднаш подготвени да му се вратите на тоа време. Но обврските и работните задачи нема да ви го дозволат тоа. Денес постои шанса да запознаете личност од која ќе зависи вашата деловна иднина.
Близнаци
Некаков проблем за кој сте мислеле дека е минато повторно ќе се појави, но вие овојпат нема многу да се ангажирате за неговото повторно решавање. Оставете им го на соработниците и колегите кои немаат толку обврски, а вие расчистувајте го бирото од натрупаните документи. Ова е неповолен ден за инвестирање, земање кредит и склучување на договори.

 
Рак
Некој договор кој ве обврзува секој месец да инвестирате во нешто ви задава големи проблеми во семејството. Обидете се да го промените тоа, и откажете се од помошта која досега сте му ја давале на некој пријател. Закажете деловен состанок на кој ќе бидат потцртани клучните нешта на кои треба да се работи. Ви недостасува време за пријателите, најдете малку слободно време и излезете со нив.
Лав
Во бизнисот кој го започнавте од неодамна ќе настанат некои проблеми и промени за кои на вас ќе ви е потребна помош да ги решите. Побарајте помош од некој Бик, тој ќе ви даде совет како да излезете од непријатната ситуација. Можни се проблеми со законот, внимавајте на документите кои ги потпишувате.
Девица
На вашето работно место се случуваат одредени негативни промени, внимавајте и изолирајте се од нив колку што можете повеќе. Застанете од страна и следете ја ситуацијата, не започнувајте кавга или долг разговор бидејќи можно е да го загубите кредибилитетот. Ова е малку неповолен ден за вас, затоа внимавајте на постапките. Постои можност, доколку имате сопствен бизнис, вашите вработени да ве напуштат.

 
Вага
Ова е среќен ден за вас во кој можете да забележите исклучителен напредок како на работното така и на приватното поле. Имате некаков план да отпатувате во странство, но тој најверојатно нема да ви се исполни. Пријателите и соработниците ќе ви понудат искрена помош која треба да ја прифатите.
Скорпија
Изгледа дека на вашите проблеми им нема крај. Но не грижете се ниту еден од нив во голема мера нема да ви наштети. Пробајте некако да ја зацврстите вашата финансиска ситуација, така што ќе ги исфрлите непотребните трошоци од вашиот буџет. Некој пријател постојано ве повикува на состанок, а вие немате време за него. Променете го тоа и излезете и забавувајте се.
Стрелец
Несериозни сте во врска со некој проблем кој ви се појавил, вашиот партнер е лут, а вие и понатака несериозно постапувате. Обидете се барем да се извините и променете го однесувањето. Малите недоразбирања не вредат за во толкава мера да ви го влошат животот. Бидете поодговорни и исполнете ги ветувањата.

 
Јарец
Кај вас постојат некои непотребни нервози и кавги кои не можете да ги надминете а буквално без потреба ви го одземаат времето. Не се фокусирајте кон проблемите и нивните корени, фокусирајте се на нивните решенија, но сето тоа направете го мирно и сталожено, не е потребно толкаво емоционално залагање. Потребно е да сфатите дека во животот не оди се така како што вие сте испланирале.
Водолија
Во следниот период вашите планови ќе бидат насочени кон тоа како да се одморите, но тоа нема да ви се исполни бидејќи работните обврски пристигнуваат во секој момент. Чувствувате дека некоја ваша блиска личност не е искрена со вас, но не можете да го решите тоа. Премолчете и обидете се да го одложите тој проблем за некој поповолен период.
Риби
Се одморивте, ги наполнивте батериите и сега започнувате со нова енергија и сила при решавањето на секојдневните обврски. Некој здравствен проблем ве загрижува но вие немате на кого да му кажете. Доверете му се на семејството и побарајте поддршка. Постои можност за патување во странство, каде можно е да склучите повеќе деловни договори.Овен
Имате еден доста чуден период пред себе кога може да се дружите или да бидете во контакт со личности за кои најпрво ќ

Пронајдете не на следниве мрежи: