Викенд хороскоп за 19.07-20.07.2014 година

Проверете што ве очекува овој викенд…Овен
Викендов ќе ви биде нагласена интуицијата. Таа ви помага побрзо и полесно да комуницирате со луѓето. Дајте им она што сакаат да го слушнат. Бизнисмените мислат на пари, додека останатите мислат на тоа како да преживеат. Уживајте во ситните работи што ве прават среќни.
Бик
Ова е период на претпазливост. Многу работи можат да излезат од контрола, посебно кога е во прашање љубовта. Се уште лутате со паметот. Очекувате секој момент да налетате на принцот од бајките. Разумноста и приземноста ќе помогнат да се вратите на вистинскиот колосек.
Близнаци
Ќе се трудите работните обврски да ги држите под контрола. На емотивен план се можни мали несогласувања. Сметате дека партнерот ни оддалеку не ги исполнува вашите очекувања. Најдобро ќе биде да ги намалите вашите афинитети или, пак, променете го партнерот.

 
Рак
Викендов ќе се трудите да решите проблем што веќе долго време ви предизвикува тешки главоболки. Константното функционирање ви носи неизмерно задоволство. Планирате патување со пријателите, па ќе наидете на несогласување од вашиот партнер. Нема потреба за грижа, ќе надополните.
Лав
Овој пат нема причина да се жалите за финансиската ситуација, а и здравјето е под контрола. Имате речиси се’ што ви треба, па затоа релаксирајте се. Деловната ситуација е добра. Тие што се во пензија или на боледување уживаат во домашниот амбиент. Ќе наидете на здравствени проблеми само ако прекумерно се храните.
Девица
Ве очекува период на оптимизам. Имате безброј интересни идеи. Само треба да бидете стрпливи и да ги спроведувате на дело. Знајте дека многу работи ви стојат на патот. Користете кратки паузи полесно да ги одбегнете. Одморот ќе донесе елан за нови проекти, кои, ќе ги има во голема мера.

 
Вага
Време е да ја искористите одличната наклонетост и да контактирате со луѓе што би можеле да ви помогнат во остварувањето на плановите. Денеска ќе се соочите со љубовен предизвик – да го следите разумот или, пак, срцето. Всушност, вие точно знаете што треба да направите.
Скорпија
Ќе добиете можност да ги проширите сопствените хоризонти и да најдете нови соработници, главно, од странство. Ве очекува голема емотивна сатисфакција во поставувањето цели, кои видно ќе помогнат да ја покажете својата хуманост.
Стрелец
Ќе почувствувате замав на новиот тренд во, кој, главно, ќе бидат вклучени повеќе луѓе. Време е за ширење и делење информации. Советувајте се со блиските за ви го пренесат потребното искуство. За среќа, околината ве знае, па така знае и што може да очекува од вас.

 
Јарец
Овој викенд изобилувате со идеи. Бидете трпеливи и спроведувајте ги на дело. Времето на славење ви одговара, бидејќи сакате да се дружите. Повеќе планирате отколку што работите. На работното место премногу зборувате и константно делите совети. Осетливи сте на нарушените меѓучовечки односи повеќе од кога и да е.
Водoлија
Бидејќи сте субјект на важни животни промени, својствено е чувството за прослава. Доколку на работното место прекумерно трошите енергија на личност што не го заслужува тоа, ќе си наштетите себеси. Преосетливоста си има своја цена. На повидок е нова љубов, а таа ќе реши многу нешта.
Риби
Ќе бидете во ситуација да делите совети со пријателите. Тоа одлично ќе ви дојде, посебно ако искуствата се непријатни. Пробајте да се ослободите од притисокот преку разговор. Имајте трпение и сослушајте ги другите што имаат да кажат.Овен
Викендов ќе ви биде нагласена интуицијата. Таа ви помага побрзо и полесно да комуницирате со луѓето. Дајте им она што

Пронајдете не на следниве мрежи: