Викенд хороскоп за 20.08-21.08.2016

Дознајте на какви ситуации би можеле да налетате во викенд хороскопот за 20.08-21.08.2016 година.Овен
Ова беше недела во која доживеавте многу промени и потребно ви е да одморите и да направите планови за следниот период. Дел од Овните ќе посакаат да отпатуваат со семејството на некое мирно место. Но, таму ќе сфатите дека сепак не можете толку да се смирите и имате потреба од комуникација. Партнерот постојано бара нешто што вие не можете да го дадете и не знаете како да се справите со притисокот. Ако сте сами, можна е средба со личност родена во воден знак.
Бик
Расположението ви е променливо. На моменти сте ладни и ништо не ве допира, а на моменти ви оди да излезете од кожа. Ова е резултат на нестабилната ситуација на работното место. Викендов ќе се обидете да се одморите, но нема да можете да го скриете расположението. Згора на тоа, еден помлад член од семејството постојано ќе ви задава грижи. Ако сте слободни и сѐ уште ја чекате вистинската љубов, ќе морате да почекате и да се задоволите со кратки авантури.
Близнаци
Освен што ќе морате да завршите некои обврски во врска со работата, можни се и средби кои ќе внесат новини во следниот период. Полека се стабилизирате, но се уште сте под влијание на стари и заостанати работи. Емотивните односи со партнерот се добри, но највеќе поради тоа што вие не сакате да дојдете во конфликт. Чекате да му помине лошиот период и потоа да седнете и да разговарате. Ако сте слободни и чекате порака од една личност, викендов ќе ја добиете.
Рак
Полни сте со енергија и имате големи планови за викендот. Поголем дел од раковите ќе сакаат да отпатуваат на некое место покрај вода и да ги наполнат батериите за следниот период. Обидете се да ја контролирате љубомората кон партнерот и да не покажувате дека неговата комуникација со една личност толку многу ви пречи. Ако сте слободни, можно е да ви се појави личност со голема разлика во години. Освен годините, проблем може да биде и фактот дека таа личност веќе е во врска. Бидете внимателни.

Лав
Постојано се обидувате да ја поправите финансиската ситуација, меѓутоа наидувате на пречки. Парите што треба да ви пристигнат ги нема. Кога барате објаснување добивате одговор дека сѐ е во ред, но дека ќе морате да почекате. Поради тоа деновиве ќе морате да ги поминете во домашен амбиент. Ако сте слободни, преку социјалните мрежи ќе имате убава комуникација со една интересна личност.
Девица
Завршивте поголем дел од работата и имате причина да бидете задоволни. Деновиве можно е да добиете посета од странство или вие да отпатувате на неколку дена. Ако имате намера да патувате, добро чувајте ги документите за да не дојдете во непријатна ситуација. Ако сте во брак, односите со партнерот ви се стабилни и немате причина за грижа. Слободните Девици ќе имаат контакт со некој што не живее во нивното место. Можно е да падне договор за средба.
Вага
Освен што ве мачат проблеми на работното место, викендов ќе имате и проблеми со партнерот. Колку и да се трудите да го задоволите, тоа нема да ви успее. Ќе имате желба да избегате некаде далеку каде што никој нема да ве тормози со прашања на кои немате одговор. Најдобро е да се повлечете и да не се обидувате да објаснувате премногу. Ако сте слободни, можно е на семејна веселба да запознаете личност родена во воден знак. Внимавајте на здравјето. Нервозата може да ви донесе несакани здравствени проблеми.
Скорпија
Се трудите да го дадете својот максимум на сите полиња. Освен на работното место, од вас се очекува и да се ангажирате во домот. Вие тоа со задоволство го правите, но чувствувате дека ви е потребен одмор. Викендов може да бидете ангажирани околу еден постар член од семејството. Неговото нарушено здравје ќе ви ги одземе моментите на одмор, но нема да можете да се дистанцирате. Ако сте слободни, повеќе мечтаете отколку што преземате конкретни чекори.

Стрелец
Првиот ден од викендот ќе го посветите на работата. Во изминатата недела многу работи ви останаа незавршени и поради тоа ќе морате да го жртвувате слободното време. Еден помлад соработник постојано прави грешки и ќе морате да обрнете внимание на се она што го сработил досега. Партнерските односи ви се добри, но не поради вас туку поради трпението на партнерот. Тој има разбирање за сите ваши барања, иако често пати се неосновани. Ако сте слободни, неколку личности се интересираат за вас, но вие повеќе сакате да бидете сами.
Јарец
Изминатиот период ви беше многу добар. На деловен план имавте многу успеси, а не можете да се пожалите ни на финансиската ситуација. За сето тоа е најзаслужен вашиот сериозен пристап кон работата и неизмерната енергија што ја поседувате. Партнерот се обидува да ве натера повеќе да му се посветите на домот, но вие останувате глуви на неговите молби. Деновиве е можна средба со пријатели од младоста, кои ќе ве потсетат на некои убави времиња.
Водолија
Се наоѓате во ситуација која не можете да ја решите сами и ќе морате да побарате помош од еден пријател во кого имате доверба. Не го сакате чувството на беспомошност и оваа ситуација тешко ќе ви падне. Не барајте ја вината кај другите, туку размислете на кој начин сте придонеле за ситуацијата во која се наоѓате. Кон партнерот се однесувате дистанцирано иако не постои причина за тоа. Ако сте слободни, деновиве ќе бидете опкружени со пријатели кои ќе се обидат да ве запознаат со една интересна личност.
Риби
Многу сте чувствителни и секоја нерешена ситуација ви создава немир. Деновиве може да слушнете нешто што ќе ве онерасположи. Обидете се да се дистанцирате од озборувањата и да не им придавате големо значење. Партнерот се обидува на секој начин да ви помогне. Престанете да го омаловажувате неговиот труд и посветете му повеќе внимание. Ако сте слободни, очекувајте познанство со еден земјен и со еден воден знак.

Пронајдете не на следниве мрежи: