Викенд хороскоп за 24.01-25.01.2015Овен
Овој викенд е многу поволен за оние во знакот на овен. Се за што до сега сте работеле конечно се исплаќа. Што и да правите, не се преморувајте, бидете позитивни и горди на себе. Овој викенд посветете го на поправки во домот, а доколку барате нов дом, токму во овие денови ќе го пронајдете.
Бик
Ќе имате викенд полн нервози кои нема да се должат на ваши лични грешки или несоодветно однесување. Нервозата ќе се должи на нестабилност поради честите негативни услови за постигнување на вашите цели. Вашиот партнер ќе успее да ве отргне од сето сивило.
Близнаци
Ќе бидете стабилни и решителни, но ќе имате доста напорен викенд. Справете се со околностите. Овој викенд нема да имате никаков недостиг од љубов и среќа . Воздржете се од ветувања и не донесувајте големи одлуки.
Рак
Нервозата ќе ви биде на високо ниво овој викенд. Сепак, среќата не ви го свртела грбот. Доколку успеете да постигнете емоционална рамнотежа, ќе ја свртите ситуацијата во ваша корист. Искористете го викендот за нега на вашиот дух и тело, и избегнувајте да се преовтоварувате со било што.
Лав
Оваа сабота е добар ден за реализирање на лични цели, бидејќи моментално на професионално ниво искусувате тубуленции. Посветете се на себе целосно и пробајте да прекинете некои врски со луѓе непотребни во вашето секојдневие и оние кои ги користите само за услуги.
Девица
Успешно ќе ги надминете сите нестабилност и ќе појдете активно во реалзирање на своите цели. Како од ракав ќе ви одат преговорите овој викенд, а очекувајте и голем почеток кој ќе ви донесе многу нови и интересни ангажмани.
Вага
По напорната недела тешко ќе успеете да имате релаксиран викенд, поради целата насобрана напатост. Сепак, во иднина следат денови исполнети со нови нешта и нови почетоци. Внимавајте на кражби и измами овој викенд.
Шкорпија
Ќе имате одличен викенд за склопување на нови планови за реализирање во иднина. Ќе добиете подароци кои одамна сте ги заслужиле, најмногу со својата добрина. Во љубовта бидете упорни, внимателни и нежни.
Стрелец
Овој викенд ќе ви биде успешен само доколку сте активни. Ќе постојат бариери кои ќе ги преминете преку решавање на личните проблеми. Оние кои се на летување ќе доживеат незаборавен викенд, полн со позитивни искуства и спомени. Оние кои не се на одмор искористете го викендот за да поправите нешто низ домот.
Јарец
Ќе имате побавен викенд, поради голем замор назоран од преку неделата или пак од здравствена малаксаност. Правењето планови за патување или друг настан може да ви создаде само повеќе грижи и нервози. Ќе добиете позитивни резултати на нешто што одамна очекувате.
Водолија
За поголемиот дел од водолиите овој викенд ќе биде разнишан од љубовни проблеми кои ќе се јават поради повеќе причини. Во сабота нема да постигнете ниту малку лична сатисфакција. Но, во недела ќе ви се подобри самодовербата, расположението и љубовната врска. Консумирајте повеќе овошје и зеленчук, и одвојте доволно време да се наспиете.
Риби
Контролирајте го стресот за да не си создадете проблеми со луѓето од вашето опкружување. Вашите очекувања ќе бидат достигнати токму овој викенд. Консултирајте се со доктор за вашиот здравствен проблем, наместо сами да превземте мерки за негово решавање.Овен
Овој викенд е многу поволен за оние во знакот на овен. Се за што до сега сте работеле конечно се исплаќа. Што и да пр