Викенд хороскоп за 25.07. – 26.07.2015

Викенд хороскоп за 25.07-26.07.2015Овен
Периодов ќе функционирате под влијание на значајни промени. Тие ќе бидат добри или лоши во зависност од заслугите. Не сте работно насочени. Свртени сте кон поубави нешта, така што работата е во застој. Слабата меморија не би требало да ве загрижува.
Бик
Моменталната ситуација од вас бара да преземете ризик и да го изберете вистинскиот пат. Не сте свесни колку имате среќа. Со поддршка на некои влијателни лица ќе ги остварите замислените планови. Можни се срцеви проблеми поради нервоза.
Близнаци
Ако ја научивте животната лекција и сфативте дека доброто и лошото се повторуваат, ќе ви биде прекрасно. Во спротивно ќе ја чукате главата во ѕид. Благодарение на нечие внимание ви се нудат нови деловни можности, кои подразбираат и финансиска благосостојба. Не се нервирајте непотребно.

 
Рак
Ќе се очекува од вас максимално да ги контролирате своите постапки, бидејќи околината ќе се обидува на секој начин да ја изгубите контролата. Деловните проекти се поместија од мртва точка и ќе ви донесат материјална добивка. Наредните денови се одлични за учење, за занимавање со психолошки теми.
Лав
Обврски преземате премногу кои не можете да ги исполните. Малку време, а работа преку глава. Исцрпени сте и недоволно мотивирани, па занемарувате некои свои лични потреби. Истоштеноста е последица на падот на имунитетот.
Девица
Задоволете се од сопствената предност во извесна ситуација. Ве очекува јавен настап, особено ако се занимавате со креативна работа. Паричната ситуација се подобрува. Во релативно добра форма сте.

 
Вага
Супер функционирате со околината, фамилијата и пријателите. Тие ви помагаат добро да се чувствувате и да уживате во секој момент. Напредокот е неминовен. Постои можност некои работи да ги извршувате во домот и на тој начин да го подобрите буџетот.
Скорпија
Ќе уживате во сите убави нешта: љубов, среќа и хармонија на сите страни. Задоволни сте не само од работата, туку и од заработувачката. Кога подобро ќе размислите мотивирани сте за работа. Среќни сте и задоволни и, се разбира, здрави. Единствена опасност се лежерноста и интерноста.
Стрелец
Бидете мудри, помалку зборувајте, а повеќе конкретно работете на остварувањето на зацртаните цели. Така, шансите за успех ќе бидат големи. Ви одговара работа во осаменост. Благодарение на неа ги извршувате обврските на задоволителен начин.

 
Јарец
Околината ви предизвикува  негативен став, кој овие денови ве обзема. Доколку се дистанцирате, постои шанса да го ублажите незадоволството. Материјалната загуба негативно ви влијае на мотивацијата. Чувствувате дека сите ве изневериле, особено соработниците..
Водолија
Благодарение на исклучителниот оптимизам и душевната сила ќе постигнете чуда. Сите работи ги извршувате со љубов. Максимално им се предавате на нештата, кои го привлекуваат вашето внимание, што нема да остане незабележано. Преголемата чувствителност е од чиста субјективна природа.
Риби
Хармонични сте сами со себе, па и со другите. Доколку мислите дека хороскопот греши знајте дека му припаѓате на оној знак, кој е свртен кон материјалното. Влезени сте во период кој е одличен за деловни патувања и креативни проекти. Со разумни потези ќе ги избегнете повредите.Овен
Периодов ќе функционирате под влијание на значајни промени. Тие ќе бидат добри или лоши во зависност од заслугите. Не

Пронајдете не на следниве мрежи: