Викенд хороскоп за 27.08 – 28.08 2016: Авантури за Овните, нови изненадувања за Скорпиите…

Викенд хороскоп за 27.08 – 28.08 2016: Авантури за Овните, нови изненадувања за Скорпиите…Овен
Имате потреба да смените нешто во животот и тоа може да ве мотивира да отидете на краток пат каде што ќе се посветите на себеси. Овие денови ќе бидете окружени со многу интересни и ексцентрични луѓе. Тоа ќе ви го раздвижи секојдневието и ќе ве освежи. Доколку сте сами, очекувајте да ја сретнете вистинската личност. Можеби ќе ви се врати некоја стара љубов и врската ќе добие сосема нов правец. Ако сте во брак, партнерот се однесува незаинтересирано и не се обидува да ве следи.
Бик
Првиот ден од викендот можно е да сретнете личност која е подготвена да ви помогне во бизнисот, но само доколку работите под одредени услови. Ако планирате да одморите, овој викенд ќе бидете расположени авантуристички. Меѓутоа, вашиот избор нема да му се допадне на еден помлад член на вашето семејство. Тој има потреба да отиде таму каде што ќе бидат неговите пријатели, а не таму каде што вие ќе ги враќате старите спомени. За жал и партнерот ќе биде од спротивната страна и ќе морате да попуштите.
Близнаци
Викендот што е пред вас ќе го искористите за средување на некои семејни работи. Со партнерот тешко наоѓате заеднички јазик околу приоритетите и затоа ќе морате сами да воведете ред, како во работата, така и во финансиите. Близнаците кои се вљубени овие денови ќе направат сѐ за да го задоволат партнерот. Подготвени се на компромис и своите желби ќе ги остават настрана. Можно е и незаборавно патување во странство каде што ќе сретнете многу интересни луѓе.

Рак
Викендов ќе имате можност да се опуштите и да не размислувате за ништо. Доколку планирате патување, бидете внимателни и концентрирајте се на патот. Дел од Раковите кои планираат да поминат неколку дена во странство нека внимаваат на документите. Партнерот е обземен со финансиите и не размислува за одмор, но за да ве задоволи, ќе ве следи без да приговара. Доколку сте сами, можно е во кругот на поширокото семејство да се појави нова и интересна личност.
Лав
Вие воопшто не размислувате каде сакате да ги поминете слободните денови. Имате свои места на кои можете да се видите со пријателите, но и да бидете видени. Меѓутоа, овие денови ќе сакате забавата да ја испланирате до детали за да не пропуштите нешто и да останете во сенка. Ако сте слободни и имате симпатии кон една нова личност, сега е вистинско време да преземете нешто. Доколку играте игри на среќа, не пропуштајте да пополните некое ливче.
Девица
Многу размислувате и планирате. Од една страна имате потреба за опуштање, од друга страна семејниот буџет не ви дозволува да го поминете викендот на такво место какво што сакате. Ќе морате да се помирите со тоа и да направите нешто во своја режија. Ако сте слободни, не ги пропуштајте местата каде што има добра забава. Можно е на некоја семејна веселба да запознаете некој нов. Внимавајте на исхраната и не дозволувајте зголемување на килограмите.

Вага
Викендов е вистинско време да заборавите на проблемите на работното место и на одлуките што треба да ги донесете, а упорно ги одлагате. Првиот ден од викендот можна е средба со еден пријател кој многу ќе ви помогне во промените кои сакате да ги направите. Слободното време ќе го поминете во разговори со партнерот и за тоа што е најдобро за вас. Мислењата сосема ви се разидуваат и колку и да се трудите да останете мирни, можен е конфликт. Доколку сте слободни, можно е познанство со една Водолија.
Скорпија
Викендов домашните ќе се обидат да ви приредат изненадување. Не одбивајте да се дружите со нив, затоа што многу ќе ги разочарате. Тие се свесни дека ви треба релаксација и нешто да ви ги тргне мислите од неуспесите што се редеа во изминатиот период. Доколку сте слободни и се уште тежнеете кон безусловна љубов, можно е на некоја прошетка во центарот на градот да сретнете личност што ќе го привлече вашето внимание.
Стрелец
Викендов ќе имате шанса да се дружите со многу необични луѓе. Вие ја сакате слободата и не дозволувате никој да се меша во вашиот избор, но во овој случај ќе морате да прифатите нешто што тие ќе ви наметнат. Доколку сте во долга врска или брак, партнерот конечно ќе почне да го разбира вашето однесување и ќе престане да спомнува некои стари гревови. Ако сте слободни, можно е преку социјалните мрежи да стапите во контакт со личност која ќе ве заинтересира.

Јарец
Првиот ден од викендот ќе се обидете да завршите некои стари работи. Се чувствувате како да се наоѓате во сендвич помеѓу барањата на колегите и барањата на претпоставениот. Не знаете кого да задоволите, а притоа да останете доследни на себе и на тоа што сте го испланирале. Партнерот ќе се однесува невообичаено и ќе се обидува да ве шокира. Можеби не сте подготвени за такво дружење, но ќе сакате да го задоволите. Доколку сте сами и сакате да ви се врати старата љубов, сега е време да ја изненадите.
Водолија
Овие денови ќе бидете во свој елемент. Работите после подолго време ви одат на рака и сега можете да размислувате само за себе и за она што го сакате. Имате желба да се покажете и да потрошите малку повеќе од вообичаеното. Доколку сте слободни, можен е контакт со личност која живее во друго место. Меѓутоа, вам тоа нема да ви пречи и ќе направите се за да дојде до средба. Ако сте во брак или постојана врска, можно е викендов да отпатувате на некое атрактивно место.
Риби
Овие денови ќе сакате да ги поминете на начин кој е невообичаен за вас. На партнерот тоа ќе му се допадне и со задоволство ќе ви се придружи. Во изминатиот период многу работевте и се обидувавте да ги задоволите сите околу вас. Партнерот по обичај го запоставувавте и повеќе се грижевте за роднините и за пријателите. Ако сте слободни, можно е да почнете да размислувате за една личност со која соработувате. Не бидете срамежливи и искористете го слободното време за средба надвор од работното место.Овен
Имате потреба да смените нешто во животот и тоа може да ве мотивира да отидете на краток пат каде што ќе се посветите

Пронајдете не на следниве мрежи: