Викенд хороскоп за 28.06. – 29.06.2014Овен
Влеговте во период кој е одличен за стекнување материјално или друг вид богатство. Некои ќе ги потрошат стекнатите финансии на скапи нешта. Кога се во прашање парите, вие одите од крајност во крајност. Или штедите или трошите и повеќе од дозволеното.
Бик
Исполнети сте со оптимизам и силна волја да го завршите започнатото. Мора да научите да ја контролирате егоистичната природа, особено во однос со партнерот. Кога подобро би погледнале на врската, ќе сфатите дека веќе одамна ги немате работите под контрола.
Близнаци
Самите себеси сте си најголем пријател. Затоа подобро анализирајте ги сите досегашни постапки, како и оние што ги прават другите, па на тој начин најлесно ќе сфатите кој има право. Можеби понекогаш претерувате со осудувањето на другите, а можеби и немате доволно разбирање и слух за нив.
Рак
Преокупирани сте со луѓе и работи кои ви причинуваат задоволство. Под услов да не претерувате во ништо, ќе постапите согласно со разумот и интуицијата. Бидејќи денес ќе ви биде изразен шармот, обидете се да се дружите со лица кои позитивно влијаат на вас. Инспирацијата ќе биде поголема од очекуваното.
Лав
И понатаму се гордеете со успехот. Ви значи кога луѓето ве почитуваат и гледаат на вас со восхит. Внимавајте со парите, бидејќи многу лесно ги трошите кога ги имате малку повеќе. Бидете претпазливи, бидејќи постојат и такви кои не гледаат на вас со голема симпатија.
Девица
Периодот е поволен за оние што се занимаваат со право, филозофија и изучување странски јазици. Во овие области родените во овој знак ќе постигнат високи резултати со минимален напор. Лесно може да западнете во ситуација што ќе ве блокира. Затоа бидете дополнително внимателни…
Вага
Материјалната криза во која се наоѓате влијае на вашиот нервен систем. Имате чувство дека никогаш нема да дојде крај на финансиските проблеми, но грешите. Ѕвездите ве советуваат да бидете трпеливи уште краток период, по што конечно ќе ве огрее сонце.
Скорпија
Многу осамени Скорпии наскоро ќе имаат можност да стапат во нова брачна заедница, која ветува многу. Доколку, пак, се наоѓате во долга врска, конечно може да ја финализирате. Што се однесува до работата, се’ уште нема промени, што значи дека ќе мора да почекате подобри времиња.
Стрелец
Влеговте во нов бизнис од кој очекувате многу. Во секој случај, предност ќе имаат вашите организирачки способности, а тоа ќе ви помогне и подобро да го организирате и емотивниот живот. Иако пред извесен период бевте видно растревожени и неподносливи за околината, сега конечно сте во елемент.
Јарец
Бидејќи постојано мислите дека сте незадоволни од вашиот емотивен живот, ќе дојдете на идеја да го изневерите партнерот. Но, најверојатно, нема да го спроведете тоа докрај, бидејќи важите за лице со висок морал. Но, и доколку дојде до тоа, еден од вас сигурно ќе ја напушти врската.
Водолија
Ќе бидете окупирани со решавање семејни и имотноправни проблеми. Потребата за материјална сигурност ќе ви биде нагласена, додека несигурноста во себе и нерасположението ќе успеете вешто да ги прикриете. Не сакате никој да помисли дека сте карактерно слаби или неуспешни.
Риби
Конечно, заклучивте дека само со успех можете да ги надминете тешкотиите кои постојано ве потиснуваат во изминатиов период. Можеби е најдобро да испланирате некое патување кое добро ќе ви дојде. Сознанието дека некој се обидува да влијае на вас, може да ве доведе до блага нервоза. Обидете се да ги игнорирате неважните работи.Овен
Влеговте во период кој е одличен за стекнување материјално или друг вид богатство. Некои ќе ги потрошат стекнатите фи