Викенд хороскоп за 29.03.2014 – 30.03.2014

Викенд хороскоп за 29.03.2014 – 30.03.2014Овен
Ќе ви биде тешко да го подобрите тешкиот ден во кој сè се одвива наопаку. Бидејќи се работи за краток временски интрервал, бидете трпеливи и обидете се обврските да ги сведете на минимум. Од утре сè ќе се одвива брзо и многу подобро. Ќе го надополните пропуштеното и тоа ќе достигнете двојно повеќе.
Бик
Околината ве доживува како моќна лиќност, па многумина ќе ви дадат признание, дури и намќорестиот шеф. Односите со партнерот не се баш најдобри бидејќи претеравте со посесивност и љубомора. Нему му е преку глава од вашите тортури, па тој ќе настојува да го реализира баш тоа за што вие го осудувате.
Близнаци
Свесно и подготвено влетувате во нови предизвици. Кога акција е во прашање, ви нема рамен. Бидејќи се соочувате со финансиски дефицит, ќе прифатите работни обврски кои ветуваат солидна заработка. Викендов го поминувате во знак на одлични достигнувања и пребродувате низа заблуду, дури и емотивни.

 
Рак
Самите сте свесни за некои свои мани. Една од нив е “змија во џеб” кога се пари во прашање. И тешко дека ќе ја поправите оваа ваша мана. Овие два дена се одлични за заработка, но уште подобри за трошење, па викендов ќе си дозволите некоја убава и вредна работа. За тоа сте вистински мајстор.
Лав
За вас ова ќе биде многу здодевен викенд. Во очекување на спектакуларни нешта, сè ви изгледа глупо и многу помалку вредно отколку што реално е. Уште кога на ова ќе се додаде вашето променливо расположение, пукате од мака. Ќе мора да си дозволите нешто убаво и пријатно – топла и миризлива купка на пример.
Девица
Успешен викенд во секој поглед. Полни со елан се пуштате во нови походи, а притоа ни малку не ги штедите своите можности. Грешите. Бидејќи преголемиот замор може штетно да влијае врз вашето здравје, и тоа кога најмалку ќе очекувате. Поголем број припадници на овој хороскопски знак се заљубени, дури и мечтаат за прељуба. Ова не е во ред.

 
Вага
Се однесувате како да сте најпаметни, најубави и најдобри. Има вистина во сево ова, но спуштете се на земја и анализирајте што реално се случува со вас. Постигнатите резултати најдобро зборуваат за вашите квалитети. Не го оптеретувајте партнерот со вашите проблеми, тој и така ги има преку глава. Слушнете ги неговите потреби и помогнете му.
Скорпија
Лошо стоите со љубовта. Ви се случуваат незгодни работи. Кус прекин би можел да ја спаси вашата долгогодишна љубовна врска. Претерано сте љубоморни, но не ги покажувате чувствата, па кавгите се неизбежни. Мора да се трудите и да дадете повеќе енергија за разрешување на ситуацијата.
Стрелец
Изминатите денови премногу лудувавте и се забавувавте. Е сега веќе немате енергија, па имате потреба од одмор. Кусиот одмор ви е во прв план. На љубовен план почнуваат да се случуваат нешта кои никому не би сакале да ги кажете. Пред вас е нова, страсна, но и опасна врска. Внимателно!

 
Јарец
Свесни сте дека ќе мора да се промените, но тој факт ви е неприфатлив. Полесно ви е да се жалите за сопствената судбина. Свртете им грб на стереотипите. Луди, необични нешта и неконвенционални личности ќе можат да ви помогнат многу на оваа тема. Некоја Водолија ве спасува. Имајте го тоа на ум.
Водолија
Размислувањата се насочени кон бракот, судските спорови или пошироката јавност. Ќе мора да вложите дополнителен напор за да ги решите новоискрснатите проблеми. Почнете да ги елиминирате еден по еден. Пробајте да ги смирите емоциите и прифатете се такви какви што сте.
Риби
Функционирате под силен притисок. Бидете особено внимателни бидејќи можно е да доживеете незгода. Почнете да размислувате практично и најдете решение помеѓу идеалот и реалноста. Мора брзо да реагирате бидејќи тоа се бара од вас. Потребни ви се финансии, размислете како да дојдете до нив.Овен
Ќе ви биде тешко да го подобрите тешкиот ден во кој сè се одвива наопаку. Бидејќи се работи за краток временск

Пронајдете не на следниве мрежи: