Викенд хороскоп за 30.08.2014- 31.08.2014

Проверете што ве очекува овој викенд…Овен
Работата е стабилна, но можни се и некои помали грешки , кога е бракот во парашање може да имате проблеми, бидејќи не сте во најдобри односи со супругот-та. Финансиската состојба ќе се подобрува, но сепак вие мора повторно да штедите.
Бик
Под услов ако прифатите нечија сугестија ќе успеете успешно да го решите проблемот. Пред вас е работа која бара издржливост и познавање на материјата. Ќе сакате тоа што побрзо да го решите, но тоа не зависи само од вас. Нервозата никаде не ве води. Ќе ја имате подршката од пријателите.
Близнаци
Некои работи денеска ќе ви тргнат наопаку. Не треба тоа толку многу да ве загрижува и наместо да губите време во чекање и паничење веднаш започнете со работите. Ќе бидете принудени да одлучите за некоја работа за која сеуште не сте сигурни.
Рак
Сите креативни работи ќе се движат по нагорна линија. Некои од вас ќе обноват една пријатна друштвена врска и познанство. Емотивниот живот ви минува низ значајни промени и веројатно ќе си го најдете вистинското место. Грижете се за здравјето.

Лав
Работата ќе ви претставува терет, но и покрај тоа сепак ќе морате да работите. Сето тоа доведува до конфликти со колегите. Финансиската ситуација не е најдобра, смислете начин како да заштедите. Грижете се за здравјето, може да дојде до посериозни нарушувања.
Девица
Некоја личност од женски пол ќе игра важна улога во врска со вашата финансиска положба. Интелектуалната активност ќе ви биде зголемена, но под силно влијание на чувствата. Не ја трошете попусто енергијата на долги разговори со банални теми.
Вага
Денеска ќе бидете доста силни на зборови, но и на дело. Тоа што ќе го замислите ќе успеете и да го остварите. За квалитетен љубовен живот пресудни ќе бидат моментите поминати во нежност. Романтиката со партнерот уште повеќе ќе ве зближи. Домашните обврски ќе бидат на ваш грб.
Шкорпија
Целосно и мирно ќе пристапите кон решавање и реализација на плановите врзани за општествените науки. Ве очекува успешна работа доколку се занимавате со некоја уметност, особено ако е во прашање книжевност. Очекувајте и поголема заработувачка доколку ја завршите работата најдобро.

Стрелец
Регулирајте се што можете денеска, ова е доста поволен ден. Во се што ќе започнете ќе имате голема поддршка од околината, што исклучително многу ќе ви значи. Во љубовта ќе почувствувате извесна стагнација, односите со партнерот не ви се средени и ќе се обидете да направите нешто околу ова прашање.
Јарец
Ве очекува мирна работна атмосфера. Односите со соработниците значително се поправаат. Очекувајте разговор со вашиот претпоставен кој ќе оди во ваш прилог. Финансиската ситуација е просечна, но секако дека треба повеќе да се ангажирате околу парите.
Водолија
Денот ќе го поминете со некоја личност која ви е доста драга. Нејзиното присуставо ќе биде причина за вашето добро расположение, а и работите кои треба да ги завршите во текот на денот ќе ги завршите доста успешно. Бидете внимателни, кај вашиот партнер може да се јави мала доза на љубомора.
Риби
Ќе наидувате на пофалби кои изразуваат поддршка и воодушевување. Прифатете ги со отворено срце и не заборавајте искрено да се заблагодарите на секој знак на внимание кој денеска ќе го добиете. Ако повеќе размислите ќе сфатите колку многу луѓе има на кои искрено сте им важни.Овен
Работата е стабилна, но можни се и некои помали грешки , кога е бракот во парашање може да имате проблеми, бидејќи не сте во најдобри

Пронајдете не на следниве мрежи: