Викендот не е најдоброто нешто што може да и се случи на вашата диета

Ново истражување открило дека за време на викендите, и мажите и жените подеднакво и полесно се препуштаат на нездравите навики.
За многу луѓе кои одат на работа, викендите се идеална можност за физичка активност или уживање во здрава храна. Во текот на неделата немаат многу време за такви активности, па често се случува да јадат купена храна од супермаркет или ресторант, но токму за време на викендот можат да ја поправат ситуацијата.
Но, се чини дека ова не е случај, па така викендите им служат да изедат половина од целокупната храна која ја внесле во текот на целата недела. Може слободно да се каже дека тоа е класично прејадување.

Најновите истражувања покажуваат дека за време на работната недела, луѓето сепак успеваат донекаде да се држат до своите одлуки за здрав живот, бидејќи секојдневната рутина влијае врз нивната контрола за видот и количината на храната која ќе ја внесат. До крајот на неделата успеваат да постигнат и некаков резултат од тоа, но за време на викендот се пропаѓа во вода.
Ручек со фамилијата и пријателите, уживање во алкохол, гледање телевизија, доцни оброци и многу други нездрави навики за време на викендот, доведуваат до ситуација да внесете дури и до 3.500 калории дневно.

Истражувањето кое го спревела компанијата Форца Суплементс открива дека за време на викендот и мажите и жените внесуваат зголемен број на калории и се препуштаат на нездравите навики.
Иако ова откритие изненади многумина, сепак стручњаците велат дека сé ова има смисла доколку се земе во предвид фактот што луѓето преку целата недела напорно работат и се чувствуваат како да им се скратени многу задоволства, па за време на викендот сакаат потполно да се опуштат, одморат и да уживаат во секој момент од слободното време.
Извор: Najadise.mk

Пронајдете не на следниве мрежи: