Во Галичник викендов ќе се одржува 43-тата Галичка свадба, на која годинашни младенци се Сандра Станковиќ и Александар Ристески.Тие утре ќе се венчаат во црквата „Свети Петар и Павле“ откако ќе ги поминат сите обичаи на свадбата која во Галичник има вековна традиција.
И годинава се очекуваат илјадници посетители од Македонија и од странство кои ќе имаат можност да видат 30-ина оригинални свадбени обичаи што почнуваат во сабота попладне и продолжуваат во недела, проследени со народни носии, песни и ора и со звуците на зурли и тапани.
Галичката свадба опстојува токму поради својата автентичност и неповторливост. Во минатото се правеле масовни свадби, секогаш околу Петровден (12 јули) кога печалбарите од ова мијачко село доаѓале во родниот крај.Тие утре ќе се венчаат во црквата „Свети Петар и Павле“ откако ќе ги поминат сите обичаи на свадбата која во Галичн