На 20 април 2017 година се одржува „Вики конференција за наставници“, прва од ваков вид во Македонија, а во организација на Здружението ГЛАМ Македонија.
На конференцијата се очекува да присуствуваат околу 60 наставници од основните и средните школи во Македонија. Предавачите, и самите наставници по професија, ќе ги запознаат присутните со можностите на употреба на Википедија во наставниот процес.
Некои од темите што ќе може да се чујат на конференцијата се: „Википедија во образовниот процес“, „Начин на цитирање во Википедија (употреба на референци)“, „Вовед во Википедија и останатите сестрински проекти“, а ќе се одржи и обука за наставниците за уредување на Википедија.
Настанот ќе се одржи во Порта Македонија, со почеток во 10 часот.
На конференцијата се очекува да присуствуваат околу 60 наставници од основните и средните школи во Македонија. Предавачите, и самите