Викиликс конечно го доврши она што го почна пред неколку месеци. Според „Конзерватив Дејли Пост“: Барак Хусеин Обама и Хилари Клинтон се основачи на ИСИС. Докажано е низ е-мејлови и документи објавени од Викиликс: Сепак, либералните медиуми одбиваат да објават за тоа.Објавениот е-мејл меѓу Клинтон и Џон Подеста гласи: „Западните разузнавачки служби, разузнавачките служби на САД и изворите во регионот“, а од него е јасно дека Катар и Саудиска Арабија „овозможуваат тајна финансиска и логистичка поддршка на ИСИС и други радикални групи на Сунитите во регионот“.
Хилари на Подеста во мејловите му вели дека „постои потреба да се искористат дипломатските и потрадиционалните средства за разузнавање“, додавајќи дека моменталните случувања во Блискоисточните држави се „важни за САД од различни причини, што варираат од држава до држава“.
Чудно е како Клинтон изјавува дека Саудијска Арабија и Катар помагаат да се финансира ИСИС, кога најголемите донации кон Клинтоновата Фондација доаѓаат токму од овие две држави.
Во друг разговор од 2012 година, Директорот за надворешна политика на Фондацијата Клинтонови, Амитаб Десаи, договара состанок со Бил Клинтон на 5 минути, во замена за „роденденски чек“ од милион долари.
Е-мејлот додава дека малата, но богата нација на Катарскиот Полуостров ќе ги „прими предлозите на Фондацијата Клинтонови за инвестирање на Хаити, а особено во областите образование и здравство“. Десаи додава дека Катар веќе „ги премести поголемиот дел од 20-те милиони долари. Тие беа среќни со проектите што ги предлагавме“.
„Бил Клинтон добива 1 милион долари за роденден. За ваша информација: Во Катар тепањето и силувањето на сопругите е легална и вообичаена практика.“, објавено од Мартин Волш на Твитер (13.октомври 2016)
За оние што се уште не сфаќаат како се е поврзано и оди во огромен прилог на Хилари Клинтон, следува објаснување:
Хилари, како државна секретарка им одобрувала продажба на оружје на терористичките нации, но само откако тие ќе даделе голема донација на нејзината „фондација“. Овие оружја, обезбедени од Хилари и Стејт Департментот, потоа се пробиваат од Саудиска Арабија, Катар, Либија итн., и директно ги помагаат терористичките групи.
Ова е начинот на кој се создаде ИСИС. Но, наместо да ги бомбардираат со воздушни напади, Хилари и Обама одлучија да ги остават ИСИС на мир. Зошто? Бидејќи присуството на ИСИС на Блискиот Исток и овозможува на Обама/Клинтон машинеријата да заработува милиони долари личен профит од овие држави во повторувачки циклуси на продажба на оружје.
Тие го избраа личниот профит наместо елиминирањето на терористичка група. Зошто Хилари не е уапсена за овие криминали? ФБИ апси и за многу помалку од тоа: Обидете се само да ги славите Алах и ИСИС на Фејсбук и ќе се уверите во тоа.
„Ако Жулијан Асанж лаже, зошто со сите сили се обидуваат да го замолкнат?“ –Мартин Волш на Твитер (23.октомври 2016)
Поголем дел од медиумите во САД се уште молчат за сето ова. Ако Трамп беше обвинет за вакво нешто, американските медиуми ќе беа преплавени од вести. Но, неупатените политичари не се проблемот. Проблемот е што неупатените граѓани гласаат за нив на сите избори. Ова е само уште еден показател за нивото на корумпираност на американскиот систем.Објавениот е-мејл меѓу Клинтон и Џон Подеста гласи: „Западните разузнавачки служби, разузнавачките служби на САД и изворите во регионот&ldquo