Викиликс подготвува нешто големо!

Викиликс, таинствентара организација за откривање на државни тајни, подготвува нешто големо за брзо време. Викиликс од вчера објави нов, огромен шифриран фајл, кој засега не може да го прочита никој се додека не ја дознае неговата шифра. 
Сепак организацијата повикува секој поддржувач да го копира овој фајл од околу 400 гигабајти, заедно со уште два помали од по 50 и 3,6 гигабајти и да ги чува се додека не биде објавена шифрата за отворање на овие фајлови. 
Оваа е веќе вообичаена пракса на Викиликс, кога организацијата се подготвува да објави значително количество на доверливи податоци, кои анонимно ги добива од нејзините поддржувачи низ светот. На сличен начин, Викиликс во 2010 година ги објави илјадниците белешки на американската дипломатија, кои до Викиликс беа доставени од страна на војникот Бредли Менинг, кој имал пристап до уредите за шифрирање во американска воена база во близината на Ирак.
Најверојатно овој потег на Викиликс е причина поради судењето на Менинг кој беше прогласен за 17 кривични дека, меѓу кои и шпионажа. Наскоро се очекува да му биде изречена пресуда за долгогодишен затвор.  Во пресрет на пресудата, Менинг се извини за своите постапки, велејќи дека им нанел штета на многу луѓе, како и на Соединетите Американски Држави.
Потегот на Викиликс е оценет како обид на организацијата да влијае врз пресудата, па дури и да ги уценува САД во надеж дека Менинг ќе добие што помала казна. Во фајловите е можно да има информации од новиот ‘херој’ на Викиликс, Едвард Сноуден, поранешен аналитичар на Националната агенција за безбедност НСА кој пребега во Русија откако почна да открива тајни за работата на агенцијата.
Поддржувачите на Викилис и сите оние љубопитни, со нетрпение чекаат да видат што големо подготвува Викиликс. Викиликс од вчера објави нов, огромен шифриран фајл, кој засега не може да го прочита никој се додека не ја дознае неговата шифра. 
Се

Пронајдете не на следниве мрежи: