“Википедија се збогатува со содржини од македонската историја” Проектот “Македонски војводи и револуционери” на Википедија забрзано се реализира и веќе ги дава очекуваните резултати. Над 155 постоечки статии за личности од македонско револуционерно минато се веќе надополнети со научно потврдени сознанија креирани се 40 нови статии за историски личности од овој период на Википедија на македонски јазик.Како што веќе информираше Државниот архив овој проект започнал со реализација од 20 јануари 2017 во соработка со Здружението за споделување слободни содржини ГЛАМ Македонија од Скопје.
Проектот кој ќе трае до јуни треба да постигне неколку цели како дополнување и поткрепување со проверени извори од македонската историска наука на постоечките статии за македонските војводи и револуционери но и да се создадат нови статии за ликови од македонската историја за кои досега не постоела статија на Википедија на македонски јазик.
Директорот на Државниот архив на РМ д-р Филип Петровски дополнително информираше дека на овој начин се дава допринос во достапноста на македонската историска вистина и афирмацијата на минатото на македонскиот народ на Википедија на македонски јазик за сите заинтересирани. Во проектот активно се вклучени неколкумина вработени во ДАРМ како и неколкумина Википедијанци, членови на Здружението ГЛАМ Македонија.
Државниот архив, според Петровски и понатака ќе продолжи со реализација на проекти кои ќе го популизираат историското минато на македонскиот народ.Како што веќе информираше Државниот архив овој проект започнал со реализација од 20 јануари 2017 во соработка со Здружението за споделува