Виктор: „Инбоксот ми е полн со прашања за секс“

Младиот македонски пејач Виктор Апостоловски привлече големо внимание со разголената фотосесија по повод неговата најнова улога – прв „дурекс“ амбасадор во Македонија.Девојчињата се срамат да ги лајкуваат овие фотографии, но затоа, пак, неговиот инбокс е полн со љубопитни пораки, вели Виктор за Република.
– Откако објавив на својата фан страна на „Фејсбук“ дека сум Дурекс Амбасадор за Македонија девојките многу почесто се јавуваат со пораки отколку што кликаат лајкови. Пораките најчесто се однесуваат на тоа дали имам фотографии на кој сум разголен или пиштол гол. Сето тоа ми е навистина наивно и забавно, прават денот да ми е интересен, но ги разочарувам со фактот дека на фотографиите од фотосесијата сум само од половината нагоре соблечен –  вели Виктор за „Република“.

Дел од неговата задача како „дурекс“ амбасадор, е и едукацијата на младите во Македонија за важноста за користењето на заштита, пред сѐ против сексуалнопреносливи инфекции, ХИВ/СИДА и непланирана бременост. Тој вели дека со задоволство, но и одговорност, одговара на секое прашање.

– Ме прашуваат кој од лубрикантите да им ги препорачам, што е навистина прашање на вкус а понекогаш и потреба за тоа каков производ да користат. Најчесто одговарам дека треба да пробаат од сите реквизити па потоа да одлучат кој ќе го користат. Како што самиот слоган кажува „Love sex, Durex за убав ден во спалната соба“ – вели Виктор.
Извор: РепубликаДевојчињата се срамат да ги лајкуваат овие фотографии, но затоа, пак, неговиот инбокс е полн со љубопитни пораки, вели Виктор за

Пронајдете не на следниве мрежи: