Извозот од зоните ќе расте и годинава,а наскоро се очекува влез на нови странски инвестиции вели за ТВ Лидер првиот човек на ТИРЗ Виктор Мизо.Зоните надвор од Скопје стануваат се по атрактивни за странските инвеститори, а исто така во постојан пораст е и соработката на домашните со странските компании.
Лидер: Интензивно се градат индустриски зони низ земјава? Во која зона надвор од Скопје има најголем интерес од страна на инвеститорите?
Мизо: Она што е интересно е дека се поголем број на компании размислуваат и ги разгледуваат опцииите за инвестирање надвор од главниот град од причини што најголем дел од компаниите кои се веќе лоцирани во Скопје се капитално интензивни инвестиции, додека трудо интензивните ги разгледуваат градовите надвор од главниот град поради структурата на работна сила и соодветната квалификација на луѓето кои живеат таму според нивните работни активности во минатото. Две компаниии ќе бидат функционални во Штип, некаде средината на оваа година, во охридско струшкиот регион две компании ќе функционираат Костал и ОДВ Електрик, за Прилеп имаме една американска компанија, во Ранковце ќе има една интегрирана зона од страна на ВЕИБО, но паралелно работиме на презентирање на можностите за инвестирање во Струмица, Гевгелија, во Кичево, тука е КСС која ќе почне со работа до крајот на годината, како и другите три зони во источна Македионија (Виница,Берово,Делчево). Така да изминатите три недели имавме посета на неколку компании кои беа заинтересирани и на кои им ги претставуваме можностите на овие зони кои ги споменав. Зони каде во моментов нема инвеститори и тоа се пред се, Струмица, Гевгелија и локациите во Источна Македоија .
Лидер: Зоните креираат третина од извозот, како ќе заврши оваа година?
Мизо: Минатата година вкупниот извоз од зоните беше околку 31 % од вкупниот извоз од Р. Македонија. Според најавите на компаниите кои се веќе функционални во зоните и оние нивните начални планови и анализи, сметам дека има можност за оптимизам дека ќе имаме зголемување на таа бројка за околку 20 %, апсолутната сума на извоз во споредба со 2014 година, нормално за да се дојде до една крајна бројка, колкава ќе биде таа контрибуција во вкупниот извоз, ќе зависи и од заздавувањето на локалната економија и зголеменииот извоз на домашните компании во странство, но очекувам дека таа бројка треба да се стабилизира на некаде околу 30 % , бидејќи како што расте извозот од зоние ќе расте извозот и од домашните компании.
Лидер: Дали се зголемува бројот на домашни компании кои работат како добавувачи во зоните?
Мизо: На тоа поле активно се работи, прво беше направен еден документ со поддршка на УСАИД, каде што беа сите информациии за домашните компании кои веќе соработуваат со зоните компилиран, но во еден проект заедно со Светската банка и ИФЦ работиме заедно на идентификување на зголемен обем на соработка на домашни компаниии со компаниите во зоните, односно воопшто со странски инвеститори, моѓат да бидат и компании кои се во производствениот сектор, но кои во моментот не се во слободните економски зони. Ова ќе биде еден проект кој врз основа на нивните искуства и другите земји во светот каде што активно работеле на едно вакво вмрежување на домашните со странските киомпании и сметам дека тука има голема можност за зголемување на таа соработка, бидејќи индиректните придобивки, не само во вработување туку и во соработка со домашните компании се многу големи и на тој начин директно ќе се влијае врз подобрена економска, зголемен економски развој и големена економска активност на домашните бизниси.
Лидер: Колкав е моментално бројот на домашни компании кои што работат како добавувачи?
Мизо: Зависно од компанијата, во случајот на Џонсон Мети, тие имаат кажано една бројка од околу 350 домашни компании со која соработуваат. Нормално секоја компанија не соработува со истиот вид на домашни компании, но сметам дека вкупната бројка е некаде околку 500 компании, но прво треба да се видат во каков вид на стоки и услуги таа соработка се одвива значи тука може да бидат транспортни и логистички компании, тука се компаниите кои произведуваат храна, тука се компаниите кои ги градат нивните производствени објекти , тука се компаниите кои нудат услуги за оджување на самиот производствен погон и машините, алатници и друг вид на полу производи или производи кои се репроматеријали и нормалнио ќе се направи едно структуирање на можностите за зголемување на бизнис на различни компании од различни дејности.
Целото интервју можете да го прочитате на ЛидерЗоните надвор од Скопје стануваат се по атрактивни за странските инвеститори, а исто така во постојан пораст е и соработката на домашните со странс