Тенисерките кои настапуваат на третиот грен слем турнир Вимблдон, не сакаат да настапуваат во опремата на американскиот производител Најк, поточно кажано фустанчињата кои им се дигаат при секој удар на теренот и им овозможуваат убав поглед на присутните на нивните секси затегнати газиња.Ја пробав новата опрема и одлучив дека нема да ја носам. Не сакам сите да ме гледаат во задникот и каква долна облека носам. Едноставно не се чувствувам пријатно, а тоа ми е најважно кога ќе излезам на теренот, изјави Германката Сабине Лисицки.
Први кои одбија да играат во новите фустани на Најк, беа најдобрата тенисерка во светот Американката Серена Вилијамс и Германката Сабине Лисицки.
-Ја пробав новата опрема и одлучив дека нема да ја носам. Не сакам сите да ме гледаат во задникот и каква долна облека носам. Едноставно не се чувствувам пријатно, а тоа ми е најважно кога ќе излезам на теренот, изјави Лисицки.
Уште пред почетокот на турнирот повеќе од 20 тенисерки се пожалија на должината на фустаните. Затоа мораа да ги вратат на доработка, но и по направените корекции не беа задоволни, бидејќи повеќе им го откриват, отколку што го покриваат нивниот задник.
Вимблдон има строг кодекс на облекување, предвид доаѓа само белата боја, а организаторите не им дозволуваат на тенисерките дури ни градник во друга боја. Затоа чуди како воопшто им дозволија да настапуваат во кусите фустани на Најк.
Меѓу тенисерките кои играа во спорната опрема беше и Хрватката Дона Векиќ, која во првото коло загуби од Американката Венус Вилијамс.
-Годинава на Вимблдон има многу Мерилин Монро моменти, напиша Вил Адам на својот профил на социјалната мрежа Твитер, алудирајќи на фамозната сцена во која ветерот го крева фустанот на најпознатата американска блондинка и заводничка.Ја пробав новата опрема и одлучив дека нема да ја носам. Не сакам сите да ме гледаат во задникот и каква долна облека носам. Едноставно не се чувст