Виничко Кале: Нов археолошки наод

При градежни зафати во дворно место во Виница, во непосредна близина на Калето, е откриена водоводна линија која според првичните увиди датира од римско време, а укажува на постоење развиен систем на довод на вода од природни извори.– Станува збор за линија од водовод, поврзана со варов малтер и керамички садови – таложници кои ја имаат улогата да го намалат притисокот на водата, за дел од римски водовод поврзан со природните извори во непосредна близина, изјави директорот на Музејот „Теракота“ во Виница Јулијана Иванова.
Според неа, случајните ископувања во приватниот двор, отворија простор за нови археолошки истражувања во Виничко.
Остатоците од римско време кога изградбата на водоводите посебно се развила, укажуваат, истакна Иванова, дека на Виничкото кале имало римски населби. Римјаните биле познати како вешти градители.
– Вакви и слични материјали се откриени во истражувањата на Виничко кале. Се работи за материјали од римски период – населба со фурна ќерамика, што значи од римскиот период имаме населба и во самото Кале и во подножјето на Калето. Постои веројатност овој водовод да оди до самата населба, рече директорката.
По извршениот стручен увид од Музејот „Теракота“, за новоископаните археолошки наоди се чека увид и од Управата за заштита на културното наследство, а потоа и инструкции за постапката околу заштитата и истражувањето на овој простор.– Станува збор за линија од водовод, поврзана со варов малтер и керамички садови – таложници кои ја имаат улогата да го намалат притисо

Пронајдете не на следниве мрежи: