Виното и спортот заедно: Добро за здравјето

Чашка вино не може да наштети, така барем тврдат чешките доктори, со напомена дека Дионисовиот напиток е делотворен само под одредени услови.Студијата „ in vino veritas”, чиј автор е др. Милош Таборски од Универзитетот во Оломоук, покажува дека виното, доколку се пие умерено е добро за здравјето, поготово доколку неговото конзумирање е пратено со некоја физичка активност.
Др. Таборски истакнува дека комбинацијата од вино и спорт е вистинското решение.
Неговиот  тим следел 146 пациенти во текот на една година од кои било побарано дневно, пет дена во неделата , да пијат по една чашка црно или бело вино.
Во текот на тој период, пациентите имале задача  да забележуваат колку алкохол конзумираат дневно, начинот на исхраната и времето посветено на спортот.
„Констатиравме дека физичката активност комбинирана со умерена количина на вино ги подобрува маркерите на атеросклерозата“, објаснил др. Таборски, наведуваќи дека овој „микс“ го штити  организмот  од кардиоваскуларни  болести.
Сепак, чешките истражувачи не советуваат да носите шише вино кога ќе тргнете на џогинг. Студијата „ in vino veritas”, чиј автор е др. Милош Таборски од Универзитетот во Оломоук, покажува дека виното, доколку се пие умерено е добр

Пронајдете не на следниве мрежи: