„Виновна е“: Полицијата издала налог за апсење на принцезата Елса од „Frozen“

САД моментално се затрупани под дебел слој снег, но тоа не ја спречило една полициска канцеларија да се нашали и да распише потерница по „принцезата.Снегот ширум САД напаѓал во таа мера што во многу делови од земјата потполно е оневозможено функционирањето на сообраќајот, но и секојдневните активности на жителите. Иако се работи за услови кои ја отежнуваат работата на силите за одржување на ред и мир, полицајците од сојузната држава Контаки решиле малку да се пошегуваат и многу брзо го детекрирале виновникот за проблемот.
На своите страни, тие распишале шеговита „потерница“ по принцезата Елса од супер популарниот анимиран филм „Frozen“.

„Издаваме налог за апсење на принцезата Елса од Арендел. Осомничена е русокоса девојка која последен пат е видена во долг син фустан и позната е по изведувањето на песната „Let It Go!“. Како што гледате според времето, се работи за многу опасна личност и со тоа немојте да и се приближувате“, стои во потерницата објавена на службениот Фесбук на полициската станица во гратчето Харлан.
Потерницата наскоро станала вистински хит на социјалните мрежи па досега има шест илјади лајкови.
Доколку некаде ја видите Елса, сега знаете на која адреса морате да се јавите!
Снегот ширум САД напаѓал во таа мера што во многу делови од земјата потполно е оневозможено функционирањето на сообраќајот, но и секојдневните акти

Пронајдете не на следниве мрежи: