Vip Оператор и YES бизнис инкубатор ве водат на BlackBerry 10 mini Jam во Белград

YES бизнис инкубатор во партнерство со Vip Оператор организираат бесплатен превоз за 50тина програмери и млади ентузијасти кои сакаат да учествуваат на настанот BlackBerry 10 mini Jamво Белград, Србија на 6ти Април 2013 година.

 За да се регистрирате, се што треба да направите е да напишете кратко мотивациско писмо зошто сакате да учествувате на настанот (до 500 карактери) и да го испратите на [email protected] најдоцна до 3 Април до 13 часот. Oткако добиете потврда дека има слободни места, треба да се регистрирате на следниов линк https://www.bbdevbalkan.com/bb10jam/belgrade2013/registration/.
 Организиран од страна на Blackberry Developer Group Balkan и Амбасадата на Канада, а поддржан од BlackBerry, овој настан ќе биде уникатна можност за програмерите на Балканот да добијат информации за развојот на новата BlackBerry 10 платформа, како и да се запознаат со идните планови на BlackBerry. Mini BlackBerry 10 Jam ќе ги обедини искуствата и знаењата на програмерите од Албанија, Бугарија, Босна, Хрватска, Унгарија, Македонија, Романија, Србија, Словенија и Турција и ова нивно поврзување треба да доведе до посилна соработка, размена на информации и знаења и да овозможи подобар потенцијал за развој. Регистрацијата за настанот е бесплатна и вклучува учество на конференцијата и сите сесии.
 Повеќе информации за настанот можете да најдете на следниот линк, а за дополнителни информации може да се обратите на [email protected]  или +389 2 3103 665.
 *Автобусот би тргнал рано изутрина на 6ти Април (околу 5 часот) и би се вратил по завршување на настанот истиот ден (околу 20 часот). За точното време и местото на поаѓање учесниците ќе бидат дополнително информирани.
 YES бизнис инкубатор во партнерство со

Пронајдете не на следниве мрежи: