Вип со извинување за сите корисници со фин подарок

Во текот на вчерашниот ден, 7-ми јули 2014, во периодот од 15.00 часот до 16.50 часот, дојде до неочекувани технички проблеми во дел од телекомуникацискиот сообраќај во мрежата на Вип.Во споменатиот период, поради проблем во позадинските процеси во сообраќајот, корисниците на Вип почувствуваа  потешкотии при воспоставувањето на комуникација, како и намалени капацитети на мрежата, односнобеа делумно оневозможени да ги употребуваат гласовните, податочните, СМС и ММС услугите од Вип.
Професионалните тимови на Вип оператор и добавувачите ги презедоа потребните мерки за санирање на проблемот со што техничките потешкотии беа надминати во најкус можен рок и нормалниот режим на сообраќај беше повторно воспоставен.
Вип оператор ги презеде сите мерки за информирање на своите ценети корисници преку сите свои расположливи канали за комуникација со корисниците и тоа продажните салони на Вип, официјалните страни на социјалните мрежи, веб страната на Вип.
Вип им се извинува на корисниците за настаната ситуација  и најискрено се надева дека ваквите или слични ситуации нема да се повторат во иднина.
Во исто време, Вип ги информира сите свои припејд и постпејд корисници дека поради несаканата ситуација од вчерашниот ден, ќе им овозможи еден ден бесплатно користење на услугите од Вип. Имено, на постпејд корисниците ќе им биде доделен попуст во нивната сметка за месец јули во износ од 1/30 од месечната сметка (еквивалентно со еднодневна бесплатна употреба на услугите од Вип, имајќи ја предвид и широката употреба на пакети со неограничени услуги), додека на припејд корисниците ќе им бидат доделени неограничени национални разговори и СМС пораки со важност од еден ден по добивање на известување од Вип кое ќе биде испратено во текот на наредните неколку недели.
Дополнително, Вип ги зема предвид и потешкотиите при надополнување на припејд сметките на корисниците кои можеле да настанат за време на ситуацијата и затоа сите надополнувања кои се случувале во овие два часа веќе им се доделени на корисниците. Вип секогаш оди еден чекор понатаму и затоа ќе ги одземе од корисничката сметка трошоците настанати од сообраќај во овие два часа во пограничните региони, каде што постои можност корисниците да биле преземени од оператор од соседните земји. Со цел да се избегнат дополнителни трошоци за корисниците, Вип ќе ги кредитира сите корисници за трошоците поврзани со роаминг од соседни земји настанати во овие два часа.
Вип се надева дека ќе наиде на разбирање за несаканата ситуација од страна на корисниците и однапред им се заблагодарува на укажаната доверба.Во споменатиот период, поради проблем во позадинските процеси во сообраќајот, корисниците на Вип почувствуваа  потешкотии при воспоставувањето

Пронајдете не на следниве мрежи: