Скопје, 26-ти јуни 2014.– За да им овозможи на своите корисници безгрижни летни одмори и опуштена комуникација со најблиските во Македонија, Вип оператор нуди нови поволности за разговори и мобилен интернет во роаминг, кои придонесуваат за значително намалување на трошоците во сезоната на патувања во странство.Со првата поволност, минута разговор од странство кон сите мрежи во Македонија чини 9,9 денари. За да зборуваат по оваа цена, единствено што треба да направат корисниците е да го внесат кодот *123* пред телефонскиот број што го повикуваат и знакот # на крајот (пример *123*389XXXXXXXX#). Оваа поволност е автоматски достапна за сите припејд и постпејд корисници на Вип, без дополнителни трошоци за активација. Можноста за ваков вид разговори со т.н. USSD код е достапна преку оператори во над 160 земји во светот.
Втората поволност која Вип ја воведува за првпат ова лето, е понуда на интернет роаминг пакети со вклучен сообраќај до 500MB преку партнерските оператори, членки на Телеком Австрија Групацијата во Австрија, Словенија, Србија, Хрватска, Бугарија, Белорусија и Лихтенштајн. Овие пакети може да се активираат од сите постпејд корисници со испраќање СМС порака на 140 999 со текст START SURF 200 за пакет од 200 MB и само 399 денари или СМС порака на истиот број со текст START SURF 500 за пакет од 500 MB и само 699 денари.
– Летото е синоним за безгрижност, опуштеност и уживање. За тоа, покрај летните убавини, придонесува и можноста во секое време да останете во контакт со вашите најблиски или да ги споделите со нив најубавите моменти од вашиот престој во странство без да стравувате дека тоа ќе ги зголеми вашите предвидени трошоци. Со новите поволности за разговори и интернет во роаминг, уште еднаш покажуваме дека ги знаеме потребите и очекувањата на нашите корисници и знаеме како да ги исполниме нудејќи им секогаш повеќе, изјави Гернот Раш, Главен маркетинг директор на Вип.
Дополнително, ова лето Вип постпејд корисниците можаат безгрижно да сурфаат при престојот во која било земја во Европа. Со активирање на Vip Roam Surf S пакетот, за 399 денари, корисниците добиваат 20МB мобилен интернет во странство, а со Vip Roam Surf M пакетот, добиваат 50МB за 699 денари, кои можат да ги користат во текот на 30 дена од моментот на активација. По искористување на интернетот вклучен во секој од пакетите, корисниците можат да продолжат да сурфаат по значително намалени цени или да извршат повторно активирање на еден од понудените пакети. Тие можат да се активираат од земјава или странство, преку СМС на бројот 140 999, со текст START SURF M или START SURF S во зависност од избраниот пакет.
Повеќе информации и детали за овие поволности, како и за целокупната понуда на Вип, корисниците можат да добијат на бројот 077 1234 или на веб страната www.vip.mкСо првата поволност, минута разговор од странство кон сите мрежи во Македонија чини 9,9 денари. За да зборуваат по оваа цена, единствено што треба