Висок функционер на СДСМ: Никој нема да не натера на избори

Kоја и да е целта на доаѓањето на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, во јануари во Скопје, социјалдемократите се децидни дека ништо и никој нема да може да ги убеди да учествуваат на закажаните априлски предвремени избори, вели неофицијално за „Дневник“ висок функционер во најголемата опозициска партија. Не сакаат официјално да зборуваат за очекувањата од доаѓањето на Хан оти ценат дека е чувствителна тема.Без разлика што изборите се, всушност, финалето на договорите од Пржино – за што СДСМ на чело со нивниот лидер Зоран Заев гласно се бореше, пред, за време и по потпишувањето – сега се подготвени дури да му се спротивстават на меѓународниот фактор (во кого гледаа гаранција за спроведување фер и демократски избори), само изборите да не се одржат.
– Настрана Хан, на крајот сите партии ќе мора да се договориме. СДСМ стои зад тоа дека резултатот од одржувањето на изборите во април ќе биде по мерка на Никола Груевски. Само слободни избори се императив – ни вели функционерот од СДСМ.
На прашањето што очекуваат од еврокомесарот Хан: поддршка за одржување на изборите или не и како ќе ги аргументираат пред него причините поради кои се откажуваат од договорениот термин за избори (иако беше нивна примарна цел), вели дека доволен аргумент е што не можело однапред да се предвиди како работите ќе се одвиваат.
– На пример, прашањето за ДИK требаше да биде затворено уште на 6 октомври, а не беше. Ако некој мисли дека целата оваа година СДСМ се бореше залудно за сега во април да има избори за верификација на Груевски, нема да го дозволиме ова – додава тој.
Дипломатските предвидувања за „Дневник“ говорат во насока на тоа дека еврокомесарот доаѓа со намера да се осигури дека изборите ќе се одржат на 24 април. Впрочем, финална цел на договорите од Пржино беше предвремени избори.
ВМРО-ДПМНЕ: Хан ќе биде информиран за фабриката за афери
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ токму тоа и го очекува. Неофицијално, од партијата велат дека од Хан очекуваат да биде потврдено с` тоа што досега е сработено во врска со договорот од Пржино и да биде реафирмирано тоа што е најважно во него: избори во април. Најавуваат дека непосредно и во детали ќе го информираат комесарот за непочитувањето на договорот од страна на Заев со непредавањето на материјалите, но и за толерирањето на ваквото незаконско однесување од страна на Kатица Јанева.
– Всушност, тоа беше единствената негова обврска која ја игнорира, очајнички обидувајќи се на тој начин да го сруши договорот и да ги одложи изборите.
Еврокомесарот Хан ќе биде изворно информиран и за нашиот став за криминогеното однесување на СДСМ откриено во случајот со фабриката за афери. Веруваме дека ниту Хан ниту кој било друг во Европа досега нема видено вакво криминогено однесување на раководството на една партија – велат од владејачката партија.
Скопската папка на Хан енигма
По аферата со фалсификуваните лични карти, од која произлегоа докази и други криминални дејства, Хан експресно ги информира лидерите на четирите најголеми партии дека доаѓа во земјава. Само една недела претходно на прашањето на „Дневник“ дали би интервенирал за да го деблокира спроведувањето на договорите од Пржино, од неговиот кабинет ни рекоа дека е расположен да помогне ако партиите имаат потреба од него.
Набргу потоа го смени мислењето и одлучи сам да дојде. Kакво решение ќе понуди Хан, засега останува енигма. За деталите, велат од неговиот кабинет, дополнително ќе н` информираат.
Извор: Дневник.мкБез разлика што изборите се, всушност, финалето на договорите од Пржино – за што СДСМ на чело со нивниот лидер Зоран Заев гласно се бореше, п

Пронајдете не на следниве мрежи: