По покана на претседателот на Владата на Република Македонија, високо образовани и успешни луѓе во странство, се вратија на работа во Македонија.
Долг е списокот на сите лица кои порано биле во дијаспората, се школувале во реномирани универзитети, биле дел од престижни институции и компании и постигнале успеси, а се вратија во родната Македонија и добија високи функции.
Ова е списокот на владини функционери, кои со знаењето се стекнале во странство, а дојдоа да работат во Македонија.
– Веле Самак, дипломирал на студии по економија на Универзитетот во Чикаго. Магистрирал од областа на бизнис администрацијата на Вартон школата при Универзитетот Пенсилванија. Од таму дојде во Македонија, а моментално е министер без ресор, задолжен за привлекување на странски инвестиции.
– Глигор Ташковиќ, поранешен министер без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции. Има повеќе од петнаесет години меѓународно деловно искуство во повеќе од десет индустриски гранки во дваесет земји. Ташковиќ е Американец со македонско потекло кој подолго време живее во Њујорк. Тој е ослободен од должност.
– Виктор Мизо, директор на Агенцијата за привлекување странски инвестиции. По завршувањето гимназија во Скопје, Виктор Мизо заминува за САД, каде што живее 17 години. Таму завршува машински факултет и постдипломски студии по машинство на универзитетот „Рочестер институт оф технолоџис“, во Њујорк. Пред да биде ангажиран од Владата на Македонија, со неколку колеги од Харвард основа сопствена компанија во Токио, што се занимава со дистрибуција на дигитални фајлови во 3-Г телефонија.
– Зоран Ставрески пред да стане член на владата на Никола Груевски работи во Светската банка, каде од февруари 2006 година е водечки економист за развојни политики во одделението за Операциони политики и услуги за земјите членки
– Во САД беше и актуелниот министер за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски. Во 2001 година дипломираше во областа на Информатиката и информатичкото инженерство на Државниот Универзитет Охајо Стејт во градот Колумбус. Своето образование го продолжи на Франклин Универзитетот, каде се здоби со магистерска диплома во областа на информатика во 2003 година.
– Перо Димовски беше донесен во Македонија од САД. Моментално е ослободен од должност.
– Џери Наумоф е новиот министер без ресор во македонската Влада. И тој живеел и работел во САД. Наумоф го завршил своето образование на Колеџот за бизнис маркетинг и бизнис администрација при Универзитетот Ball State University, 1980 година во Индијана. Тој има меѓународно искуство и работел во повеќе реномирани компании.
-Од Канада е повикан на работа во Македонија, Павле Саздов. Дипломирал 2005та година во областа на информатиката, насока мрежна и интернет безбедност на Faculty of Technology при “Everest College” во Мисисага, Канада со највисоки почести. Тој стана пратеник во Собранието на Р.М. со гласовите од дијаспората.
-Бил Павлески. Средно образование завршил во САД, дипломирал Електро факултет на State University New York-Binghamton и добил две посебни Магистратури со високи почести. Од 1997 до 2011 е вработен во американска мултинационална информатичка технологија Hewlett-Packard Company (HP), со седиште во Пало Алто, Калифорнија. Во текот на неговата 14 годишна кариера во HP бил поставен на различни високи инженерски и менаџерски позиции во организацијата за склaдирање на информации, вмрежување и технолошки услуги за Северна Америка, Европа и Азија.
-Мери Атанасовски е советник на премиерот Никола Груевски. Таа во земјава дојде од Нов Зеланд.
– Мики Додовски е актуелен пратеник во македонското Собрание. Живееше и работеше во Австралија, а од дијаспората од таму ги доби и гласовите на парламентарните избори.
– Владимир Пешевски е вицепремиер во македонската влада задолжен за економски прашања. Во 1993 година дипломирал на Електротехнички факултет во Скопје, на насока енергетика. По завршувањето се запишал и на магистарски степен на обука. Во 2001 година завршил магистратура по деловна администрација на Универзитетот од Шефилд, Англија – програма на City College во Солун.
– Пред да стане министер за образование и наука, Панче Кралев беше во Холандија. Завршил магистерски студии за економија, финансии и менаџмант, на Универзитетот во Бристол. Кралев има дипломирано на Универзитетот во Шефилд, а поседува и меѓународен сертификат за секундарно образование од Жан Д Арк Колеџ, Холандија, како и завршени две обуки на Универзитетот во Харвард.
– Богато е портфолиото на министерот за надворешни работи, Никола Попоски. Завршил на Економскиот факултет на скопскиот универзитет и бил стипендист на француската влада на Универзитет во Ница. Магистрирал европски економски студии на Колеџот на Европа во Бриж, Белгија.Во периодот од 2003 до 2004 работел во државната управа на руренско пристаниште, а до 2004 бил и секретар во француската амбасада во Македонија. Во 2010 година бил именуван за амбасадор на Македонија во Мисијата на ЕУ во Брисел.
– Ристо Манчев е дипломиран градежен инженер,пратеник во македонското Собрание. Живееше и работеше во Италија, пред да дојде во земјава.
– Уште еден советник од македонската Влада црпеше искуства од странство пред да дојде во Македонија – Горан Торбаков од Австралија.
– Заменик-министерот за економија Христијан Делев во Македонија дојде од САД.
– Алек Николовски дојде од Англија за да му биде советник на премиерот Груевски.
– Од Холандија во Македонија дојде Анита Минова, која е советник на македонскиот премиер.
-Беше заменик министер во македонската Влада, а дојде од Холандија. Методиј Хаџивасков сега е македонски претставник во ММФ.
Покрај овие има и други луѓе од опкружувањето на Груевски кои завршиле студии надвор од земјава: Гордана Јанкулоска, Мартин Протогер, Влатко Илиевски, Александар Митов, Антонио Милошоски, бројните промотори на Македонија ширум светот.
Само за споредба, СДСМ во 23 години нема покането ниту еден високо образован човек од дијаспората да дојде на одговорна функција.
Сега се македонски политичари, но пред да дојдат по покана на премиерот работеле во големи институции. Веле Самак има работено во Мајкрософт, Виктор Мизо во Џенерал електрикс и Мекензи, Методиј Хаџивасков предавал на Универзитетот во Стразбург. Се докажаа во силни институции, па дојдоа во Македонија да споделат искуства и да придонесат во македонските институции.
На земјава и требаат луѓе кои имаат познавања, нови идеи и нова енергија. На оние кои поседуваат големи познавања и способности, секако треба да им се даде шанса. Оние кои ја добија шансата се луѓето кои во земјава спроведоа силни реформи, донесоа инвестиции, силно се залагаат Македонија да стане поубаво место за живеење.По покана на претседателот на Владата на Република Македонија, високо образовани и успешни луѓе во странство, се