Претседателот на Мaкедонската кошаркарска федерација Данеил Димевски денеска во отворено писмо му одговори на поранешниот селектор Марин Докузовски за прекинот на соработката по успехот на ЕП во Литванија.„Докузовски ја остави на цедило репрезентацијата, играчите кои му ја донесоа најголемата слава, ги остави на цедило луѓето кои многу пати во животот му помогнале и отвориле врата, кои му ја дадоа и оваа шанса, ја остави на цедило кошаркарска Македонија, затоа што не веруваше дека таков успех може да се повтори“, стои во писмото од првиот човек на федерацијата.
Димевски додава дека и покрај слабите резултати во подготвителниот период пред ЕП во Литванијана, Марин Докузовски токму од раководните луѓе на МКФ ја имал најголемата поддршка.
„Подготвителниот период пред ЕП во Литванија беше многу тежок, во кој претрпевме неколку тешки порази и веројатно тој притисок и немањето верба во сопствената екипа придонесе да тогашниот селектор се испокара со добар дел од екипата и раководните луѓе, а најмногу со спортскиот директор Врбица Стефанов, заради што тој тогаш понуди оставка на функцијата селектор. За голема среќа, јас, кој бев еден од ретките во нормална комуникација со него, успеав да го разубедам и сопствената верба во успех на нашата репрезентација да ја пренесам и на него“, вели претседателот на МКФ.„Докузовски ја остави на цедило репрезентацијата, играчите кои му ја донесоа најголемата слава, ги остави на цедило луѓето кои многу пати во